8 необични симптоми кои може да сигнализираат бременост

Зачестено течење на носот

Овој симптом се јавува кај 18-42% од бремените жени, најчесто во првиот триместар, а потоа и при крајот на бременоста. Експертите нагласуваат дека може да се јави и во друг период од бременоста, а најчесто поминува по породувањето.

Покрај зачестеното течење на носот, можно е да зачести и кивањето како и појавата на затнат нос.

Ако овој симптом значително ви го отежнува дишењето или е придружен со треска, најдобро е да се консултирате со лекар.

8-neobichni-simptomi-koi-mozhat-da-se-pojavat-za-vreme-na-bremenost-4.JPG

Испрекинато или отежнато дишење

Повеќето жени се соочуваат со испрекинато дишење за време на бременоста, а наводно една од причините за ова е растењето на фетусот кој почнува да создава притисок на абдоменот, а со тоа и на белите дробови. Друга, поголема причина е хормонот прогестерон чие количество се зголемува за време на бременост.

И овој симптом е безопасен, но ако сметате дека има друга причина за неговата појава освен бременоста, најдобро консултирајте се со лекар.

Засилено сетило за мирис

Ова е многу чест симптом, но неговиот интензитет може да варира. Кај некои жени сетилото за мирис се засилува сосема малку, додека кај други може да биде и причина за мачнина ако помирисаат посилна арома.

Сигурно веќе претставувате дека и за оваа појава, причината се хормоните, односно естрогенот.

8-neobichni-simptomi-koi-mozhat-da-se-pojavat-za-vreme-na-bremenost-5.JPG

Желба за јадење чудни нешта, како мраз или земја

Некогаш кај бремените жени се јавува желба за јадење чудни нешта кои не се храна, како мраз, па дури и земја. Наводно, ова може да биде знак за неправилна исхрана, сиромашна со хранливи материи.

Овој феномен се јавува и кај другите луѓе, но е поизразен кај бремените жени поради нивната зголемена потреба за разни хранливи материи.

Обично феноменот поминува сам од себе, но можете да си помогнете со внесување поразновидна храна или додатоци во исхраната, но само по консултација со вашиот лекар.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg