Секој треба да знае: Пар открива колку им е тешко на луѓето со хронични болести

„Немој да претпоставуваш дека сум слаб затоа што имам хронична болест, ти немаш ниту идеја колку сила ми е потребна за да се соочам со светот секој ден.“ „Хронично болна личност може да изгледа идентично како комплетно здрава личност.“

sekoj-treba-da-znae-par-otkriva-kolku-im-e-teshko-na-lugjeto-so-hronichni-bolesti-01.jpg

Дечко и девојка, кои себеси се нарекуваат адвокати за ментално здравје, имаат прекрасна мисија. Тие преку објави на Инстаграм сакаат да ја поткренат јавната свест за тоа колку им е тешко на луѓето со хронични болести.

Прочитајте ги внимателно нивните пораки, ќе ве допрат до срце и ќе ве освестат како се чувствуваат луѓето околу вас кои се соочуваат со хронични болести.

Дел од нивните објави:

Ве молам разберете колку е тешко и изолирачко да имаш хронична болест. Па, ако имате пријатели или член на семејството кој има таква болест, ве молам јавете му се за да му изразите поддршка и да му искажете љубов.

Како хронично болен човек, навистина ми е тешко да водам сметка за сите мои докторски прегледи и тоа ме истоштува на моменти.

Во ред е ако твојата болест го исцица најдоброто од тебе денес.

Фрустрирачки е кога ќе се разбудиш со толку многу планови, а твојата болка и премор те спречуваат да ги изреализираш.

Зборувањето за твоите здравствени битки не те прави очаен за внимание.

Хроничната болест ме стави во друга фаза од животот за разлика од моите пријатели врсници.

Како хронично болна личност ве молам не ми кажувајте дека сè се случува со причина.

Можеби изгледам исто, но не се чувствувам како што се чувствував (пред болеста).

Во ред е да имаш денови кога твојата болест победува.

Хронично болна личност може да изгледа идентично како комплетно здрава личност.

Хронична болест – никој не сфаќа како е, сè додека не ја добие.

Те молам немој да судиш како некој се справува со болката, каква што ти никогаш не си искусил.

Престани да се обвинуваш за болеста која не е твоја вина.

Објаснувањето на твојата болест на другите е истоштувачко.

Немој да претпоставуваш дека сум слаб затоа што имам хронична болест, ти немаш ниту идеја колку сила ми е потребна за да се соочам со светот секој ден.

Понекогаш се чувствувам полошо после терапија и тоа е во ред.

 С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg