Народен лек против ревматски болки, вкочанет врат и болни зглобови

Поради промените на времето, многумина се жалат на болки во зглобовите или вкочанет врат како последица на долгиот работен ден.

naroden-lek-protiv-revmatski-bolki-vkocanet-vrat-i-bolni-zglobovi-001.jpg

Кога стресот, преоптовареноста и болките ќе се наталожат, можеби е паметно да пробате народен лек. Сепак, кога чувстввуате болка или имате каков било проблем со здравјето, добро би било да се консултирате и со лекар.

Исклучително едноставен за подготовка е овој намаз против болките, а состојките веројатно веќе ги имате дома.

Потребни состојки:

  • 1 лажица мед
  • 1 лажица лут сенф
  • 1 лажица ситна сол
  • 1 лажица вода

Начин на подготовка и користење:

Сите состојки треба темелно да ги промешате, додека да добиете хомогена смеса.

Ставете го намазот во празна кутија од крем.

Болното место намачкајте го и ставете проѕирна фолија, а може и да заврзете со топла ткаенина. Така држете 1,5 до 2 часа.

Процедурата правете ја пред спиење. Наутро исплакнете.

Може да го повторите третманот 4-5 дена по ред. Потоа направете пауза.

Маста најдобро е да ја чувате во фрижидер.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg