„Ќе спијам кога ќе умрам“ – подобро легнете си со време: Како телото страда од недостаток на сон?

Либидото се намалува

Недоволното спиење може да го намали вашиот сексуален нагон. Спиењето 5 или помалку часа го намалува нивото на полови хормони за дури 10 до 15%. Мажите, исто така, изјавиле дека нивното целокупно расположение и енергичност се намалуваат со секоја последователна ноќ на прекинат одмор.

Kako-teloto-strada-od-nedostatok-na-son (6).jpg

Килограмите се зголемуваат

Недостатокот на сон може да предизвика зголемување на килограмите.

Луѓето кои спиеле помалку од 5 часа секоја вечер во текот на едно тригодишното истражување имале поголема веројатност да се здебелат и да останат дебели на крајот. Оние кои спиеле помеѓу 7 и 8 часа поминале подобро на вагата.

Kako-teloto-strada-od-nedostatok-na-son (7).jpg

Се зголемува ризикот од дијабетес

Кај луѓето кои не спијат доволно (или кои пак спијат премногу) се зголемува ризикот од развој на дијабетес кај возрасни.

Истражувачите потврдиле дека 7 до 8 часа одмор е оптималниот опсег за да се избегнат проблеми со инсулинот што може да доведе до дијабетес.

Kako-teloto-strada-od-nedostatok-na-son (8).jpg

Склони сте кон незгоди

Трипати е поголема веројатноста да бидете вклучени во сообраќајна несреќа доколку спиете шест или помалку часа секоја вечер, според Националната фондација за спиење на САД.

Најранливите луѓе се работниците во смени, комерцијалните возачи, деловните патници и сите други кои работат долги часови или „чудни“ смени. Размислете двапати пред да седнете зад воланот ако не спиете доволно.

Kako-teloto-strada-od-nedostatok-na-son (9).jpg

Кожата на лицето се уништува

Ако сите овие здравствени ризици не ве убедија да спиете повеќе, тогаш направете го тоа за вашиот изглед. 

Резултатите во едно испитување откриле дека оние со помалку сон имале повеќе фини линии, брчки, неизедначен тен на кожата и изразена опуштеност. 

Хроничните неспијачи исто така биле понезадоволни од својот изглед отколку нивните добро одморени колеги.

Kako-teloto-strada-od-nedostatok-na-son (10).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...

Најчитани неделава