„Ќе спијам кога ќе умрам“ – подобро легнете си со време: Како телото страда од недостаток на сон?

Недоволното спиење може да ви го намали либидото, да го ослаби вашиот имунолошки систем, да предизвика проблеми со размислувањето и да доведе до зголемување на телесната тежина.

Kako-teloto-strada-od-nedostatok-na-son-01.jpg

Кога не спиете доволно, може да го зголемите и ризикот од одредени видови на рак, дијабетес, па дури и сообраќајни несреќи.

Доколку се пронајдовте во дел од овие описи, не сте единствените.

Што точно се случува со вашето тело кога нема да поминете доволно часови под покривачот во мирен, блажен сон?

Почесто се разболувате

Недоволниот сон може да ја наруши способноста на вашето тело да се бори против болести. Истражувачите открија реципрочна врска помеѓу спиењето и вашиот имунолошки систем.

Кратко и јасно – недоволно спиење = намален имунитет.

Kako-teloto-strada-od-nedostatok-na-son (1).jpg

Срцето страда

И краткото времетраење на спиењето (помалку од 5 часа ноќе), како и долгото времетраење на спиењето (9 или повеќе часа) се покажало дека имаат негативно влијание врз здравјето на срцето.

Шансите за развој на коронарна срцева болест или мозочен удар се значително зголемени со помалку сон.

Kako-teloto-strada-od-nedostatok-na-son (2).jpg

Се зголемува ризикот од рак

Скратениот сон е поврзан со повисоки стапки на рак на дојка, колоректален карцином и рак на простата. Добрата вест е што и мажите и жените кои спиеле 7 или повеќе часа навечер имале најниски стапки на смртност во групата при едно истражување.

Kako-teloto-strada-od-nedostatok-na-son (3).jpg

Не можете да размислувате

Дури и пропуштањето на само една ноќ спиење може да доведе до големи проблеми со мислењето. Мозочните функции, вклучувајќи ја и меморијата, одлучувањето, расудувањето и решавањето проблеми се влошуваат при недостаток на сон.

Kako-teloto-strada-od-nedostatok-na-son (4).jpg

Заборавате работи

Не само што пропуштениот сон може да ве направи збунети, туку и сè поголем број истражувања покажуваат дека сонот има големо влијание врз учењето и меморијата.

Истражувачите сугерираат дека спиењето е критично за процесот на консолидирање на работите што ги учиме во мозокот. Со други зборови, потребен ни е соодветен одмор за да ги „заклучиме“ новите информации и да ги зачуваме во меморијата.

Kako-teloto-strada-od-nedostatok-na-son (5).jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg