„Татко ми има биполарно растројство - како ми изгледаше растењето со него?“

Што научив од растењето со родител со ментална болест:

Зборувањето отворено е клучно и ја подобрува негата за таа личност.

Татко ми беше здрав во поголем дел од моето детство, но мајка ми знаеше да каже: „Зошто кога некој има срцев удар, соседите доаѓаат да му помогнат, а кога некој има криза со менталното здравје, никој не се јавува?“

Токму ова ми беше водилка за биполарното растројство на татко ми да го прифатам како медицинска состојба на биолошка база и со тригери од околината. И да бидам искрена...
Да, на моменти болеста на татко ми влијаеше на нашите животи, но тоа не беше поинаку од начинот на кој другите хронични здравствени состојби погодуваат едно семејство. Немаше од што да се срамиме.

Биполарните епизоди на татко ми се случуваа многу, многу ретко.
Биполарното растројство се карактеризира со епизоди, односно одредени периоди кога симптомите се силни. Помеѓу тие епизоди личноста најчесто е стабилна.

tatko-mi-ima-bipolarno-rastrojstvo-kako-mi-izgledashe-rastenje-so-nego-03.jpg

Колку поефективни лекарства зема личноста, толку подолго трае периодот на стабилност.

Татко ми беше хоспитализиран во психијатриска установа еднаш кога бев во градинка. Моите родители со мене зборуваа смирено за сè, па не бев загрижена, само едвај чекав татко ми да се врати дома.

Потоа, беше хоспитализиран вторпат дури кога имав 18 години.
Во меѓувреме знаев дека татко ми разговара со психијатар, но неговата болест не влијаеше на моето секојдневие.

Татко ми никогаш не закрепна од епизодата што ја имаше кога имав 18 години.
По хоспитализирањето поради манија, тој падна во тешка депресија која траеше речиси 15 години. Не беше способен да работи или да се грижи за своите дневни потреби.

Кога моите родители се разведоа тој се всели кај мајка му, а на 51 година отиде во дом.

Па, така јас станав одговорна за неговото здравје и пишував и статии за потребните подобрувања во здравствениот систем кои им се потребни за лицата со ментални болести.

tatko-mi-ima-bipolarno-rastrojstvo-kako-mi-izgledashe-rastenje-so-nego-04.jpg

Секогаш кога разговарам со други семејства во кои има член со ментални проблеми, нагласувам дека моето детство беше здраво и среќно.

И животот на татко ми е среќен. Во домот тој ја запозна својата втора сопруга, со која се заедно речиси 8 години. Живеат во домот.
Токму викендов тој беше на пица и куглање со моите ќерки.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Видови болка што ги поврзуваме со возраста, но можат да бидат и знак за нешто посериозно Болката во долниот дел од грбот обично ја припишуваме на возраста, но и на често...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Физички симптоми и проблеми кои (најчесто) се последица од хроничен стрес Паѓањето на косата, нередовните менструации и проблемите со стомакот можат да би...
Симптоми кои ви е срам да ги споделите со лекар, но може да се знак за ректален рак Симптомите како крв во столицата некогаш може да бидат знак за рак на ректумот. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg