12 совети за добар сон

12-soveti-za-dobar-son-povekjeВо денешно време многу луѓе имаат проблем со спиењето. За оние на кои им треба многу време за да заспијат, кои во текот на ноќта често се будат...


...кои што имаат тешки сништа, кои наутро се будат уморни, а преку ден се ненаспани, се вели дека имаат проблеми со сонот и боледуваат од несоница.

Причина за проблемите со спиењето може да биде некое заболување, но и лошата исхрана, нередовниот начин на живот, пушењето, алкохолот, кофеинот, уморот, стресот, неудобниот кревет...

Ако имате проблем со спиењето, ова се дванаесет совети кои можат да ви помогнат против несоницата:

1. Храна за подобро спиење

12-soveti-za-dobar-son

Ако имате проблеми со спиењето, многу е важно што јадете. Важно е да се јаде неколку часа пред спиење, а не непосредно пред легнување. Вечерата за добар сон треба да содржи помали количини млеко, јајца, пилешко месо, риба, или семки од сончоглед.

2. Што не треба да се јаде пред спиење

Тешки, мрсни, многу зачинета храна го оптоварува организмот и желудникот, па спиењето станува кошмар. Пред легнување не треба да се јаде: сланина, шунка, колбаси, домат, пиперки...

3. Спална соба

Во спалната соба, или собата која што е наменета за спиење треба да има атмосфера за спиење. Премногу работи, премногу неред, бучава па и домашните миленичиња – можат да бидат причина за лошиот сон.

4. Попладневен одмор

Сите оние што имаат проблем убаво да се наспијат во ноќните часови, или страдаат од несоница, треба да ја избегнуваат попладневната дремка.

5. Жените и ПМС

За жените кај кои е изразен пред менструалниот синдром, за добар сон се препорачува храна со многу калциум, магнезиум, витамин Д, Витамин Б и витамин Е.

6. Сексот и спиењето

Добриот секс и оргазам пред спиење го зголемуваат нивото на хормони за спиење, па веднаш потоа се чувствува поспаност. Меѓутоа, лошиот секс и сексот на сила без оргазам само ги зголемуваат траумите и предизвикуваат несоница.

7. Цигари

Тоа дека цигарите се штетни по здравјето им е познато на сите, но пушачите тоа не го земаат како сериозен факт.  Испушената цигара пред спиење го забрзува пулсот, го зголемува крвниот притисок, ја зголемува активноста на мозокот, го отежнува дишењето, а тоа се причини кои негативно делуваат на сонот. Во САД е направено испитување кое покажало дека по престанување со пушење многу подобро се спие.

8. Алкохолни пијалаци

Дојдено е до заклучок дека една чашка алкохол пред спиење, привидно успива, но затоа предизвикува немирен сон и мамурлак по спиењето. Затоа не треба да се консумира алкохол барем еден час пред спиење.

9. Прошетки и спиење

За здравјето воопшто, многу значи физичката активност. Луѓето кои во текот на денот малку се движат (многу седат на работното место и дома) обично имаат проблеми со спиењето. На оние што страдаат од несоница им препорачуваме секој ден да шетаат или пак пешачат барем половина час.

10. Светлина и сон

Докажано е дека луѓето кои поминуваат малку време на дневна светлина имаат полош сон од оние кои во текот на денот поминуваат повеќе време на дневна светлина. Затоа треба работните простории да бидат светли (природно светло), а во текот на денот некое време да поминувате на отворен простор.

11. 'Рчење и бучава

Доколку вашиот партнер 'рчи или некоја друга личност ви пречи мирно да заспиете, тогаш таа причина треба да се реши, а не да се занемарува.

12. Распоред

За квалитетно спиење треба да се придржувате до одреден распоред, колку е тоа можно и секогаш, барем приближно, да одите во тоа време на спиење. Доколку секогаш морате да станувате рано, треба да легнуавте барем 6-7 часа пред тоа. Доколку го менувате биоритамот, така што одите на спиење секој пат во различно време, тогаш ни организмот нема да знае кога му е време за спиење.

Би можело да ве интересира:

Влакненца на брадата кај жените: Зошто се појавуваат и како да ги отстраните? Хормонална промена, генетика, полицистични јајници, дијабетес се само дел од при...
Факти за хименот - Ако целосно ја покрива вагината, мора да се оперира, кај секоја жена има различна... Хименот кај жените и девојчињата речиси во сите светски култури се смета за глав...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Трик за спиење развиен во војска: Како да заспиете за 2 минути? Со работните, семејните и социјалните обврски, може да биде тешко да го смириме ...
Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...
Што ќе се случи со вашето тело ако секој ден јадете по 3 урми? Го намалуваат нивото на шеќери, овозможуваат исфрлање на лошиот холестерол, пома...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg