10 неочекувани промени што се случуваат во женското тело за време на бременост

Дали можеби сте имале проблеми со лошиот здив или, пак, сте забележале дека вашата коса е погуста и поздрава во текот на бременоста? Не сте единствените бидејќи иако необични и неочекувани, овие симптоми се сосема нормална појава кај бремените жени - но не кај сите.

ponizok-glas-pogusta-kosa-neochekuvani-promeni-shto-se-sluchuvaat-vo-zhenskoto-telo-za-vreme-na-bremenost-01.jpg

Некои симптоми на бременост им се познати на сите. Утринската мачнина, зголемената потреба за одење во тоалет и отоците на нозете се само дел од симптомите што се јавуваат кај повеќето бремени жени.

Но постојат и многу други промени и симптоми за кои не се зборува често и иако звучат необично, сепак ги чувствуваат многу жени во текот на бременоста.

10 неочекувани (и неверојатни) промени што се случуваат во телото за време на бременост:

Лош здив

Постојат неколку причини за појава на лош здив во текот на бременоста, а една од најчестите е промената на нивото на хормони.

Хормоналните промени предизвикуваат сувост во устата. Ова, пак, води до зголемен развој на бактерии во нејзината внатрешност, а со тоа и лош здив.

Исто така, зголемениот доток на крв во бременоста има влијание и врз состојбата на непцето, па овој период можно е да забележите дека непцето ви крвави повеќе, особено кога ги миете забите. А, ова може да биде уште една причина за лош здив.

ponizok-glas-pogusta-kosa-neochekuvani-promeni-shto-se-sluchuvaat-vo-zhenskoto-telo-za-vreme-na-bremenost-02.jpg

Зголемен волумен на крвта

Кај бремените жени се зголемува волуменот на крвната плазма и до 50%. Истражувањата покажале дека доколку жената носи поголемо бебе или близнаци, ова зголемување може да биде и поголемо.

Според експертите, ова настанува поради зголемениот доток на крв до органите на кои им треба повеќе кислород во текот на бременоста.

ponizok-glas-pogusta-kosa-neochekuvani-promeni-shto-se-sluchuvaat-vo-zhenskoto-telo-za-vreme-na-bremenost-03.jpg

Зголемување на срцето

Како што веќе кажавме, во бременоста се зголемува волуменот на крвта. Исто така срцето пумпа повеќе крв, што значи се зголемува и крвниот притисок.

Сето ова води до мало зголемување на левата комора.

ponizok-glas-pogusta-kosa-neochekuvani-promeni-shto-se-sluchuvaat-vo-zhenskoto-telo-za-vreme-na-bremenost-04.jpg

Лактација

Знаевте ли дека лактацијата може да почне уште пред да се породите?

Во текот на бременоста, градите почнуваат да произведуваат млеко неколку недели, па и месеци пред да се породите.

Супстанцата што ја лачат млечните жлезди додека трае бременоста е всушност првото млеко што го произведуваат градите додека се подготвуваат за хранење на детето.

Оваа лактација е сосема нормална и не треба да ве загрижува, но сепак консултирајте се со вашиот лекар.

ponizok-glas-pogusta-kosa-neochekuvani-promeni-shto-se-sluchuvaat-vo-zhenskoto-telo-za-vreme-na-bremenost-05.jpg

Зошто се јавува зголемена желба за одредена храна?

Зголемената желба за одредена храна ја чувствуваат огромен број бремени жени. Некогаш тие чувствуваат потреба за храна што ја јаделе и претходно, но некогаш им се јавува желба за необични комбинации кои инаку никогаш не би ги јаделе.

Интересно е што не е позната точната причина за оваа појава. Постојат теории дека можеби станува збор за зголемена потреба од одредени витамин и минерали, но досега нема истражување што нашло конкретна поврзаност.

Постои веројатност и оваа желба да зависи од хормоналната промена во телото на бремените жени, која може да предизвика промени во сетилата за мирис и вкус.

ponizok-glas-pogusta-kosa-neochekuvani-promeni-shto-se-sluchuvaat-vo-zhenskoto-telo-za-vreme-na-bremenost-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава