6 одвратни факти за храната

6-odvratni-fakti-za-hranata-povekjeДоколку се подготвувате да јадете, а немате јак желудник, прескокнете го овој текст затоа што повеќе нема да ја гледате храната со исти очи.


1.
Просечен посетител на fast food рестораните годишно јаде 12 срамни влакна.

Значи, не треба повеќе да се грижите ако пронајдете долго црно влакно во вашиот оброк. Барем знаете дека потекнува од главата и сте го пронашле. Во храната редовно се наоѓаат и срамни влакна. Немојте да размислувате како стигнале таму и молете се вие да не пронајдете такво.

2. Хот дог или чудна преработка на месо.

Пред да го добие виршлата својот познат изглед таа потсетува на некоја одвратна, лигава розова паста. Таа паста се добива со процес кој се нарекува механичка сепарација, што е брз и евтин начин од „месото“ да се отстранат коските, рскавицата и останатите елементи кои не сакате да ги видите во храната.

6-odvratni-fakti-za-hranata-1

По завршување на процесот храната е преполна со бактерии, што се решава со „капење“ на грозната паста со голема количина на амониум. На крајот се додаваат бројни вештачки засилувачи на вкусот и бои за повторно да личи на месо.

3. Зошто гумените бонбони така убаво светат?

Одговорот е шелак, природен нуспродукт кој го произведуваат инсекти, а се користи како средство за врзување во лаковите. Во прехранбената индустрија им се додава на гумените и желе бонбоните за „висок сјај“. Инаку, шелак е измет од тајландски инсекти.

4. Шејкот од јагоди содржи повеќе од 50 адитиви.

Изгледа вистинските јагоди се многу скапи, па компаниите нашле поедноставно решение. Имено, во шејковите се ставаат вештачки додатоци кои го имитираат вкусот на вистинското овошје.

6-odvratni-fakti-za-hranata-2

Една од хемикалиите е етил ацетат кој се користи во градежната индустрија, потоа фенетилил алкохол кој е честа состојка на етеричните масла, но се користат и поедини видови на разредувачи. Дали сте за шејк?

5. Салата во fast food ресторан? Подобро антифриз.

Освен што не се баш како што би требало да бидат, ниско калорични (поради разните сосови и адитиви), салатите во рестораните за брза храна содржат и глицерол. Тоа е хемиска супстанца која е составен дел на антифризот, го продолжува рокот на траење и крцкавоста на салатата кои ги купуваме со желба да јадеме нешто здраво.

6. Би се заколнале дека тоа е сирење

Сите производи кои се продаваат како пастеризирани производи од сирење во себе содржат адитиви, хемикалии кои го зајакнуваат вкусот и се 49 % од вкупната маса од тој производ.

6-odvratni-fakti-za-hranata-3

Резултатот на тоа е евтини производи кои одлично го имитираат природното сирење, а во себе содржат само 51 % вистинско сирење, доволно за да производителите ги рекламираат како такви. Значи, тоа не е сирење, тоа е нешто што потсетува на сирење.

Пријатно јадење!

Би можело да ве интересира:

Како да се ослободите од херпесот на уста? Трикови за брзо и ефективно лекување Досадниот херпес на уста може да биде многу заразен и лесно да се пренесе на дру...
8 знаци кои укажуваат на проблеми со менталното здравје кај жените (и зошто се посклони на нив) Женскиот мозок и начинот на којшто се третирани во општеството се едни од фактор...
Симптоми, ризични фактори: Работи што секоја жена мора да ги знае за ракот на јајници Шансите за лекување се драстично поголеми ако ракот на јајници се открие рано. З...
Слабо менструално крвавење: Кои се најчестите причини и дали е знак за проблем? Психолошкиот стрес може да влијае на делот од мозокот кој е одговорен за регулир...
Која е разликата помеѓу испукани капилари и проширени вени и дали се опасни? Иако изгледаат слично, испуканите капилари и проширените вени се различни појави...
Зошто никако не треба да го користите Оземпик за слабеење - лекот за дијабетес што е хит кај холивуд... Оземпик е лек за лица со дијабетес тип 2, но многумина, вклучувајќи и кај нас, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg