Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


10 навики со кои несвесно ги оштетувате вашите заби

Ако ги триете забите многу силно кога ги миете, нема да ги исчистите подобро, но речиси сигурно ќе ги иритирате непцата и ќе си создадете проблеми.

postojano-grickate-neshto-gi-triete-mnogu-silno-so-chetkata-10-naviki-so-koi-nesvesno-gi-oshtetuvate-vashite-zabi-01.jpg

Речиси и да не постои личност која немала кариес во животот или барем еден проблем со забите. Дури и оние кои навистина се грижат за оралната хигиена, кога-тогаш најверојатно ќе се соочат со некаков проблем.

Дали сте забележале дека имате почувствителни заби или ви се појавува кариес без разлика што редовно одржувате беспрекорна орална хигиена?

Тогаш можеби имате некоја од следниве штетни навики:

Воопшто не пиете млеко

Благодарение на калциумот што го содржи, млекото е еден од најдобрите пијалаци за забите.

Бројни истражувања покажале дека млекото го зајакнува емајлот на забите и ги штити од кариес.

Доколку сте веган или не пиете млеко од други причини, сличен ефект можете да постигнете и со растително млеко кое е збогатено со калциум.

postojano-grickate-neshto-gi-triete-mnogu-silno-so-chetkata-10-naviki-so-koi-nesvesno-gi-oshtetuvate-vashite-zabi-02.jpg

Џвакате моливи и разни предмети

Многу луѓе имаат навика да го џвакаат моливот или пенкалото додека работат нешто. Ако и вие спаѓате овде, време е да се ослободите од оваа навика бидејќи постои ризик да скршите некој заб.

Гумите за џвакање без шеќер можат да ви бидат од голема помош во овој подвиг.

postojano-grickate-neshto-gi-triete-mnogu-silno-so-chetkata-10-naviki-so-koi-nesvesno-gi-oshtetuvate-vashite-zabi-03.jpg

Пиете кисели сокови без потоа да ја исплакнете устата

Овошните сокови, посебно оние од лимон и портокал, имаат ниска pH вредност, односно се кисели.

Овие киселини можат да го ослабнат емајлот на забите и со тоа да ја зголемат нивната чувствителност.

Затоа, препорачливо е да ја исплакнете устата со вода откако ќе испиете чаша сок.

postojano-grickate-neshto-gi-triete-mnogu-silno-so-chetkata-10-naviki-so-koi-nesvesno-gi-oshtetuvate-vashite-zabi-04.jpg

Ги триете забите со четката многу силно

Со силното триење нема подобро да ги исчистите забите, но сигурно ќе го иритирате и оштетите непцето.

Ако, пак, имате чувствителни непца, најдобро е да си купите четка со помеки влакна.

postojano-grickate-neshto-gi-triete-mnogu-silno-so-chetkata-10-naviki-so-koi-nesvesno-gi-oshtetuvate-vashite-zabi-05.jpg

Грицкате коцки мраз

Можеби грицкањето коцка мраз разладува во лето, но немојте да го правите ова ако сакате да го зачувате здравјето на забите.

Мразот сепак е цврст и секогаш постои ризик да скршите заб ако го грицкате.

postojano-grickate-neshto-gi-triete-mnogu-silno-so-chetkata-10-naviki-so-koi-nesvesno-gi-oshtetuvate-vashite-zabi-06.jpg

Уште пет навики на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 тивки знаци дека треба повеќе да се грижите за себе Дури и да се трудите да живеете здраво, вашето тело може да страда... Има н...
10 промени на телото кои некогаш можат да бидат знак за здравствен проблем Првутот е појава со која се соочуваат многумина, но ако никако не можете да се о...
Како да се грижите за здравјето на забите на вашите деца и да ја спречите појавата на кариес? Важно е да ги миете забите на вашето малечко веднаш штом ќе почнат да му растат....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg