Како до подобро расположение

kako-da-go-pobedite-losoto-raspolozenie-povekjeСо денови сте безволни и имате чувство дека не стигнувате се да завршите на време? Еве неколку трикови со кои ќе можете да го поправите...


...лошото расположение, барем привремено.

1. Енергија. Ако преку цел ден сте уморни и безволни – еве решение! Расположението е тесно поврзано со енергијата – што помалку енергија имате, расположението ви е полошо. Енергетското ниво најчесто паѓа три пати дневно: рано на сабајле, рано попладне и пред легнување.

kako-da-go-pobedite-losoto-raspolozenie

Доколку со кафе, или чоколадо надоместувате цел оброк за да ја подигнете енергијата, тоа е лош начин, добро ќе се чувствувате следните два часа, но кога ќе се истрошат стимулансите, ќе се чувствувате полошо од претходно.

Едно од најдобрите решенија е почесто да се земаат помали оброци, така ќе го одржувате нивото на шеќерот во крвта.

2. Вежбање. Оние што повеќе време седат три пати повеќе се подложни кон симптоми на депресија и стрес за разлика од оние што редовно вежбаат.

Имeно, вежбањето го поттикнува лaчењето на ендорфинот, хормонот на среќата, кој го намалува стресот. Според истражувањата дури и десет минутна прошетка го враќа доброто расположение.

3. Спиење. Иако мислите дека ќе се чувствувате поодморени ако спиете подолго од 8 часа, не сте во право. Ако сакате подобро да функционирате во текот на денот, подобро да ги издржите дневните напори, тогаш потребно ви е осумчасовно спиење, па и помалку.

4. Читање. Читајте книги наместо да гледате лоши вести. Големата количина лоши информации, кои секојдневно ги впиваме читајќи весници, можат да го убијат и она малку позитивна енергија која ја поседувате.

5. Мали цели. Ако во последно време нижете неуспеси (сте паднале на испит, не ви оди работата, се карате со домашните...), за да се чувствувате подобро потребна ви е - победа! Лесно е да се каже, па вие се чувствувате лошо баш затоа што ништо не ви оди од рака.

Но, советот се однесува на уживање во мали победи, цели кои лесно ќе ги постигнете – веќе утре. Иако ви звучи банално, подобро ќе се чувствувате ако успеете да направите нешто што со месеци сте го одложувале, на пример, да го исчистите станот, да го пресадите цвеќето, да ја спакувате сезонската облека или да ги наредите сликите во албум.

Таков мал успех ни дава чувство дека го контролираме животот. Конкретно, кога веќе не можеме да го решиме  проблемот со шефот, можеме да го средиме нередот во кој живееме.

Како вие го одржувате вашето расположение позитивно?

Би можело да ве интересира:

8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време) Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето те...
Нашиот детски хирург д-р Марјан Камилоски: „Имав едно дете голтнало значка, се случува да голтнат па... „Кај децата многу често се случува да дојде до голтање на предмети. Играчки...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Шест знаци дека ги триете забите додека спиете (дури и ако не сте свесни за тоа) Ако се будите со главоболка или вкочанета вилица, голема е веројатноста дека има...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg