Ги намалува ПМС симптомите и уште 8 причини зошто секогаш треба да имате чај од камилица во домот

Веројатно знаете дека чајот од камилица решава многу проблеми со дигестивниот систем, но знаевте ли дека е одличен за чистење на лицето, особено ако имате чувствителна кожа? Кои други придобивки ги нуди?

gi-namaluva-pms-simptomite-i-ushte-8-prichini-zoshto-sekogash-treba-da-imate-chaj-od-kamilica-vo-domot-001.jpg

Камилицата е богата со состојки што ѝ даваат антивоспалителни дејства, па чајот од овој цвет може да ви биде од помош во многу ситуации.

За да ги почувствувате придобивките можете да го пиете, но и да го нанесувате на лицето, телото и косата.

За што сè можете да го користите чајот од камилица?

Го чисти лицето без да го иритира

Чајот од камилица со векови се користи за третирање сува, иритирана или многу чувствителна кожа.

Иако се потребни уште истражувања, експертите сметаат дека камилицата има состојки кои ѝ даваат антиоксидантни, антимикробни и антивоспалителни својства.

Доволно е само да направите чај од камилица, па со памук натопен во чајот да нанесете на лицето и вратот. Оставете да делува 10-тина минути, па исплакнете со ладна вода.

Сепак, ако имате многу проблематична кожа, немојте да користите ништо пред да се консултирате со дерматолог.

 gi-namaluva-pms-simptomite-i-ushte-8-prichini-zoshto-sekogash-treba-da-imate-chaj-od-kamilica-vo-domot-02.jpg

Го намалува првутот

Поради антивоспалителните својства, чајот од камилица може да ја смири иритираната кожа на скалпот, да го намали чешањето, а со тоа и појавата на првут.

Направете поголемо количество чај од камилица, натопете ја косата со него (не жежок), оставете да делува неколку минути, па измијте со благ шампон што не го иритира скалпот.

gi-namaluva-pms-simptomite-i-ushte-8-prichini-zoshto-sekogash-treba-da-imate-chaj-od-kamilica-vo-domot-03.jpg

Помага при изгореници од сонце

Изгорениците од сонце не се воопшто пријатни, но чајот од камилица може да ја намали неудобноста.

Едноставно, натопете мека крпа во чај од камилица и држете ја како облога на изгорените места.

gi-namaluva-pms-simptomite-i-ushte-8-prichini-zoshto-sekogash-treba-da-imate-chaj-od-kamilica-vo-domot-04.jpg

Го поттикнува зараснувањето на раните

Според истражувањата, облогите со чај од камилица ги уништуваат бактериите и ги намалуваат воспаленијата.

Но, користете го чајот од камилица за мали рани. Ако станува збор за посериозна рана која треба да ја прегледа и лекар, не ставајте ништо на неа освен тоа што ќе ви каже лекарот.

gi-namaluva-pms-simptomite-i-ushte-8-prichini-zoshto-sekogash-treba-da-imate-chaj-od-kamilica-vo-domot-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg