Како да се спасите од чешање по убодите на здодевните комарци?

Каснувањето од комарец воопшто не е пријатно, особено поради неподносливото чешање и отоците кои се појавуваат по телото.

Kako-da-se-spasite-od-ubodite-na-zdodevnite-komarci-01.jpg

Некои луѓе имаат блага реакција на каснување од комарец што се повлекува веднаш. Но други може да доживеат посериозна реакција која бара третман или едноставно е неподнослива.

Исто така, каснувањето од комарец може да предизвика алергиска реакција, па доколку имате проблеми со дишењето, консултирајте се со лекар.

Подложноста на каснување од комарец варира од личност до личност и зависи од производството на млечна киселина во телото, додека пак друг фактор може да биде крвната група.

Истражувањата сугерираат дека луѓето со крвна група нулта се попривлечни за комарците, што е можеби причината зошто нив ги каснуваат почесто од другите.

Во повеќето случаи, каснувањето од комарец поминува самостојно за околу два до три дена. 

Кои трикови можат да ви помогнат во меѓувреме за да го ублажите чешањето и отокот од каснувањето?

Мраз или ладна облога

Ставете пакетче со мраз или ладна крпа над местото на каснување за да го намалите отокот.

Ниските температури и мразот можат да го намалат воспалението, а студот исто така ја вкочанува кожата, што може да ви даде моментално, но краткотрајно олеснување.

Не го оставајте мразот директно на местото на каснување подолго од пет минути, бидејќи може да ја оштети кожата.

Алое вера

Ова растение има антиинфламаторни својства и може да помогне во заздравувањето на помалите рани или да ги смири инфекциите. Може да се користи и за лекување од каснувања од инсекти.

Пресечете го растението на половина, а потоа на иритираното место нанесете парче од внатрешноста што наликува на гел.

Оставете да се исуши и повторно нанесете по потреба.

Втората опција е да употребите крем или гел со висок процент на алое вера во составот.

Паста од сода бикарбона

Направете паста со една лажица сода бикарбона и половина лажица вода за да го намалите отокот и чешањето. Нанесете на убодот и оставете да отстои 10 минути пред да ја исплакнете со вода.

Мед

Оваа слатка супстанција е вообичаена меѓу љубителите на домашни лекови, бидејќи има многу антибактериски и антиинфламаторни својства.

Мала капка може да го намали воспалението, но и искушението за чешање, бидејќи кожата што е покриена со мед може да создаде леплив неред.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg