Зошто наутро треба да го четкате и јазикот?

Ако покрај забите, секое утро го четкате и јазикот, ќе го намалите ризикот од проблеми како кариес, но и ќе ја спречите појавата на непријатен здив.

zoshto-nautro-treba-da-go-chetkate-i-jazikot-01.jpg

Едно од првите нешта што ги правиме наутро е четкањето на забите. Но дали го четкате и јазикот?

За да ги избегнете проблемите со оралното здравје, покрај забите, важно е да го четкате и јазикот. Поради неговата структура, на јазикот лесно „се закачуваат“ остатоци од храна и пијалаци кои треба да се отстранат.

Неколку причини зошто наутро треба да го четкате и јазикот:

Ќе ги отстраните штетните бактерии

Во нашата уста „живеат“ 700 различни видови бактерии. Додека дел од овие бактерии се добри за дигестијата на храната и оралното здравје, некои од нив можат да бидат и штетни.

Голем дел од овие бактерии, вклучувајќи ги и штетните, живеат на јазикот. Па, ако не го исчеткате, можете да ги голтнете, па тие ќе завршат во вашиот стомак.

zoshto-nautro-treba-da-go-chetkate-i-jazikot-02.jpg

Ќе го намалите непријатниот здив

Дел од бактериите и микробите што се наоѓаат на јазикот можат да бидат причина за појава на непријатен здив, особено наутро откако ќе се разбудите.

Кога ќе ги отстраните микробите и од забите, и од јазикот, автоматски ќе се ослободите и од лошиот здив што го предизвикуваат.

zoshto-nautro-treba-da-go-chetkate-i-jazikot-03.jpg

Ќе ја спречите појавата на болести

Штетните бактерии на јазикот можат да предизвикаат разни проблеми со оралното здравје, дури и ако редовно ги четкате забите.

Покрај тоа, овие бактерии можат да завршат и во крвотокот, па да се разнесат низ целиот организам.

zoshto-nautro-treba-da-go-chetkate-i-jazikot-04.jpg

Ќе го подобрите изгледот на јазикот

Веројатно не сте загрижени за изгледот на вашиот јазик, но веројатно и не ви е сеедно ако ја нема вообичаената розова боја.

Со четкањето ќе ги отстраните остатоците од храната и пијалаците и ќе му ја вратите нормалната боја на јазикот.

zoshto-nautro-treba-da-go-chetkate-i-jazikot-05.jpg

Ќе го подобрите сетилото за вкус

Рецепторите за вкус се наоѓаат на нашиот јазик. Па, логично е остатоците од храна и пијалаци на него да имаат влијание врз ова сетило.

zoshto-nautro-treba-da-go-chetkate-i-jazikot-06.jpg

Како правилно да го исчеткате јазикот?

Нема потреба да купувате ништо за оваа намена и доволно е да ја користите вашата четка за заби. Единствено можете да купите четка за заби која на задниот дел има рапава гума наменета за јазикот.

Најпрво треба да ги измиете забите и да ги исчистите со конец како вообичаено.

Потоа исплазете го јазикот и почнете да четкате од неговиот корен. Движете ја четката од коренот до врвот.

Немојте да притискате многу силно за да не се повредите.

На крај добро исплакнете ја устата со вода и добро исплакнете ја четката.

zoshto-nautro-treba-da-go-chetkate-i-jazikot-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg