Британец претерал со пиење витамин Д и завршил во болница – кои се несаканите ефекти од земање витамини на своја рака?

Маж од Велика Британија кому нутриционистот му препорачал да зема повеќе витамини, почнал секојдневно да консумира околу 20 различни видови суплементи. Што му се случило?

eden-mesec-piel-vitamin-d-vo-ogromni-kolichini-shto-se-sluchilo-01.jpg

Маж од Велика Британија користејќи поголем број различни суплементи, што содржеле меѓу другото и Витамин Д, секојдневно земал по 150.000 интернационални единици (IU) од него, што е околу 375 пати повеќе од препорачаната дневна доза од само 400 интернационални единици.

Во научната студија објавена во британскиот медицинскиот журнал BMJ Case Reports, а пренесена од CNN, се говори за случајот на средовечен маж од Велика Британија кој по препорака на нутриционист почнал да зема повеќе витамини, без да се консултира со лекар. 

mazh-piel-vitamin-d-vo-ogromni-kolichini-vo-period-od-1-mesec-shto-se-sluchilo-02.jpg

Мажот секој ден пиел околу 20 таблети со суплементи (витамин Д, витамин К, витамин Ц, фолна киселина, витамин Б2, витамин Б6, омега 3, како и повеќе други витамини, минерали, нутриенти и пробиотици).

Околку 1 месец по започнувањето на „терапијата“ кај мажот почнале да се јавуваат првите симптоми на хипервитаминоза, по што веднаш престанал да ги зема суплементите, но симптомите не се смирувале ниту во следните 2 месеци, по што итно бил примен на болничко лекување.

mazh-piel-vitamin-d-vo-ogromni-kolichini-vo-period-od-1-mesec-shto-se-sluchilo-03.jpg

Во овој период мажот се соочувал со екстремно повраќање, гадење, вртоглавици, болки во стомакот, грчење на мускулите во нозете, зуење во ушите, сува уста, зголемено чувство на жед, дијареа, а загубил околу 12, 7 kg.

Во болницата било востановено дека тој се предозирал со витамин Д, што резултирало со зголемување на нивото на калциум во крвта и проблеми со бубрезите.

Ова е уште еден доказ дека иако суплементите и витамините се достапни во сите аптеки и поголеми маркети и истите може да се купат без лекарски рецепт, секогаш треба да се консултирате со лекар во однос на тоа колку и какви витамини треба да земате.

Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg