Нагазивте на морски еж? Детално упатство за прва помош

Имајте предвид дека најдобро е боцките да ги отстрани медицинско лице, затоа што може да останат мали делови што тешко се вадат, а болката трае додека не се извадат сите остатоци од средбата со морското животно. Колку е опасен убодот од морски еж и како да го избегнете?

shto-treba-da-napravite-dokolku-nagazite-na-moski-ezh-i-koga-mora-itno-da-se-javite-na-lekar-01.jpg

Морските ежови се животни што најчесто се застапени во топлите и чисти мориња, во плитките делови и крајбрежјата, а најчесто ги има под карпите и под нив.

Честопати може да се случи ненамерно да нагазите на ова морско животно на морското дно и да почувствувате силна болка.

shto-treba-da-napravite-dokolku-nagazite-na-moski-ezh-i-koga-mora-itno-da-se-javite-na-lekar-02.jpg

Иако не може да предизвикаат посериозно нарушување на здравјето, болката предизвикана од боцките на морскиот еж не престанува сѐ додека не успеете да ги извадите сите боцки од вашето тело.

Дополнително, доколку останат делови може да почувствувате воспалителна реакција заради присуство на туѓо тело во организмот.

shto-treba-da-napravite-dokolku-nagazite-na-moski-ezh-i-koga-mora-itno-da-se-javite-na-lekar-06.jpg

Болката се јавува како последица на отровот што го има во боцките на ежот, по што се јавува црвенило на кожата, но и отоци.  Самиот процес на вадење на боцките е болен процес, но истиот мора да се изврши темелно.

shto-treba-da-napravite-dokolku-nagazite-na-moski-ezh-i-koga-mora-itno-da-se-javite-na-lekar-07.jpg

За да се заштитите од убоди на морски еж, на плажите каде тие се застапени, најдобро е редовно да носите чевли за вода, но доколку не сте биле доволно внимателни и сте нагазиле на ова морско животно, тогаш задолжително мора да се следи постапката за прва помош.

shto-treba-da-napravite-dokolku-nagazite-na-moski-ezh-i-koga-mora-itno-da-se-javite-na-lekar-04.jpg

Имајте предвид дека најдобро е боцките да ги отстрани медицинско лице, затоа што може да останат мали делови што тешко се вадат, а додека не се извадат сите остатоци од средбата со морското животно ќе ви бидат потребни лекарства против болка и студени облоги.

shto-treba-da-napravite-dokolku-nagazite-na-moski-ezh-i-koga-mora-itno-da-se-javite-na-lekar-05.jpg

Доколку морате сами да ги вадите боцките од ежот, тогаш следете ја следната постапка:

1. Исчистете го местото на убод со алкохол за да избегнете воспаление. Доколку немате алкохол, тогаш можете добро да го измиете со топла вода што ќе ви помогне полесно да ги извадите боцките;

2. На местото каде има боцки можете да ставите маслиново масло или бебешко масло (или масло за сончање) и со пинцета која претходно е дезинфицирана со алкохол боцките се вадат една по една;

3. Добро е да погледнете со лупа за да се осигурате дека сте ги извадиле сите боцки;

4. Доколку немате пинцета при рака, некои од боцките можете да ги извадите и со истиснување или пак со игла, но овој последниот начин, најдобро е да се избегнува, затоа што предизвикува дополнително оштетување на кожата;

5. Кога ќе се заврши со целосно вадење на боцките, местото на убод се дезинфицира со алкохол и се препорачува местото да се завитка со завој и неколку дена да избегнувате да газите со ногата.

shto-treba-da-napravite-dokolku-nagazite-na-moski-ezh-i-koga-mora-itno-da-se-javite-na-lekar-03.jpg

Вообичаено болката трае околу два дена, но ако не поминува, тогаш се препорачува нозете да се ставаат во ладна вода.

Доколку сѐ уште има остатоци од боцки, најдобро е да посетите лекар.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg