Токсичните луѓе се несреќни, не дозволувајте да ве газат - Совети за справување со негативни луѓе од животниот тренер Маја Стојческа

Справувањето со негативни луѓе е важна животна вештина. Можеби се соочувате со негативна личност во домот, на работното место, или со непознати лица на шалтери, во институции или продавници. Ова знае да биде голем предизвик и да „тригерува“ во нас реакции и емоции кои и нас нѐ водат во негатива.

ne-mozhete-da-gi-kontrolirate-drugite-no-mozhete-da-rabotite-na-sebesi-soveti-za-spravuvanje-so-negativni-lugje-od-zhivotniot-trener-maja-stojchevska-01.jpg

Ова се 10 работи кои можете да ги земете предвид при интеракција со негативни, или како што се вели кај нас, тешки луѓе.

Не го сфаќајте нападот лично

Ако некој е груб и непристоен кон вас, тоа не зборува ништо за вас, а зборува многу за личноста од која произлегува нападот.

Грубото однесување или високиот тон не се однесуваат лично на вас.

Негативната личност е во болка и затоа се однесува така.

Вие само сте се нашле на патот и служите како вентил за оваа особа да се ослободи од сопствените фрустрации и барем малку да си предизвика олеснување со тоа што ќе ве повреди вас.

Работете на себе

Личниот развој води кон разрешување на многу проблеми во животот и справувањето со негативни луѓе не е исклучок.

Нека ви стане важно како го започнувате денот, креирајте рутини и проучувајте ги начините како се постигнува балансиран и среќен живот.

Колку повеќе се полните со внатерешен мир, толку помалку ќе бидете мета на негативни луѓе.

Конролирајте го само она што можете

Не можете да влијаете на односот на другите луѓе.

Но, можете да ги контролирате своите реакции. Секојдневно работете на својата самоконтрола.

Поставувајте граници

Научете како да се поставувате и со најблиските луѓе околу вас и со сите останати.

Поставувањето граници е вештина која се учи и од која зависи голем дел од нашиот мир.

Бидете јасни за тоа што толерирате, а што не.

Не се плашете од конфликтите кои би произлегле ако границите не ви се почитувани.

Кажувајте „не“

Некои луѓе упорно ќе сакаат да си го истераат своето и да манипулираат со вашето време и приоритети.

Што да направите ако упорно инсистираат и покрај тоа што еднаш сте кажале „не“?

Ако нешто сте одбиле и другата страна упорно навалува знајте дека нивното однесување е крајно непристојно и не се плашете да им укажете на тоа.

Рефлектирајте подлабоко на прашањето: „Што е тоа во мене што ѝ дозволува на оваа личност вака да се однесува?“

Ова можете да го правите гласно во присуство на доверлива блиска особа, терапевт или ментор.

Преземањето одговорност за својот живот е главен принцип на личниот раст и развој.

Можеме вечно да ги набројуваме мааните на сите други луѓе, но клучот се наоѓа во одговорот на ова прашање.

Факт е дека личноста која се однесува негативно кон вас не се однесува идентично со сите други луѓе во секоја ситуација.

Можеби има нешто на што треба да поработите кај себе.

Направете список од луѓе кои се на ваша страна

На овој список нека се најдат сите ваши пријатели, членови на семејството кои ве бодрат, но и луѓе со кои сте имале случајна средба, а со кои сте поделиле убава енергија и меѓусебна поддршка.

Ставете ги сите имиња на еден список или можете да закачите нивни слики на некоја табла.

Прегледајте го овој список на луѓе кои се ваши навивачи секогаш кога ќе почувствувате дека сте мета на негативни луѓе.

Одолејте на осудувањето

Многу природно ни доаѓа да го осудиме туѓото лошо однесување. Сепак потрудете се да работите на вашето разбирање и сочувство.

Негативната личност која има потреба негативата да ја шири кон другите луѓе е длабоко несреќна.

Ова не значи да толерирате некој да гази по вас.

Дефинитивно треба да се држите до своите граници, но без осудување.

Осудата предизвикува негативни емоции кои потоа остануваат во вас.

Сакајте се себеси

Луѓето кои се сакаат себеси на здрав начин и во права смисла на зборот, имаат во себе многу љубов и кон другите луѓе.

Тоа се одразува на нивните гестикулации и израз на лицето. Ретко кој напаѓа личност која зрачи со љубов и сочувство.

Исто така, љубовта кон себе ја зголемува и самодовербата која инаку би била разнишана заради односот од негативните луѓе.

Текстот го подготви Маја Стојчевска  - Животен тренер за родители на деца со посебни потреби

Маја можете да ја следите на нејзината веб страна.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава