Јадете свежи сливи

jadete-svezi-slivi-povekjeНутриционистите тврдат дека на врвот на листата од 24 видови овошје, со најјако антиоксидантно дејство, се наоѓа сливата. Сувите сливи во...


...однос на другото овошје имаат двојно поголема антиоксидантна моќ. Во составот на сувите сливи има сорбиотл и растителни влакна, кои и даваат поголем лаксативен ефект во однос на свежите сливи.

Затоа, свежите и сувите сливи преставуваат вистинска мала ризница на калиум, растителни влакна, а во трагови има магнезиум и железо.

Во било кој облик ова овошје е многу богато со фитонутритиенти, неохлорогенска и хлорогенска киселина.

Овие супстанци му припаѓаат на семејството феноли, чија антиоксидантна улога е потврдена во најразлични научни истражувања.

Во 100 грама сливи има дури 87 грама вода и 11 грама јаглени хидрати. Од витамини, најмногу има Ц и Е, бетакаротен и фолна киселина. Сливата е богата со следните минерали: калиум, фосфор, магнезиум и натриум.

Здрав појадокjadete-svezi-slivi

За појадок може да се направи овошен јогурт со сливи така што во обичниот јогурт се додаваат исечкани и излупени сливи и мед по желба. А, доколку самите печете `ржан леб, во подготовка на смесата можете да додадете и половинки сливи запечени во рерна. Вака подготвениот `ржан леб е убав, вкусен и здрав.

Купувајте цврсти плодови 

При купување на сливи треба да се води сметка плодовите да се цврсти, неоштетени и да имаат петелка. Површината треба да биде малку замаглена, што покажува дека со сливите добро се постапувало. Имајќи на ум дека бргу дозреваат, во фрижидер можат да се чуваат најмногу три дена. Треба да се одвоени во книжна кеса, затоа што при дозревањето ослободуваат етилен, кој го забрзува зреењето на останатото овошје и зеленчук кое се наоѓа во фрижидерот. Освен тоа, извадено од фрижидер треба извесно време да отстојат на собна температура, затоа што на тој начин им се враќа сочноста и благоста.

Замрзнати до три месеци

Замрзнатите сливи, по правило, можат да се чуваат во замрзнувач, најдолго три месеци. Пред да се стават во замрзнувач треба да се преполоват и да им се извадат семките. Така преполовени се редат со лушпата надолу, па потоа се замрзнуваат. Откако ќе замрзнат се стават во пластични кеси и повторно се враќаат во замрзнувач.

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
Ниско ниво на енергија, намален интерес за работа: Рани знаци за Алцхајмер кои не треба да се игнори... Алцхајмеровата болест има три фази, а во првата симптомите се поблаги и не влија...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg