8 знаци дека имате високо ниво на стрес-хормони во организмот (и како да го намалите)

Ако имате многу високо ниво на кортизол, кое не е само од стрес, тогаш можно е да треба да примате терапија.

Во овој случај ќе чувствувате многу изразени симптоми и ќе треба да се консултирате со лекар.

Во поблаги случаи, доволни се некои животни промени со кои ќе го регулирате нивото на стрес, а со тоа и нивото на стрес-хормони во организмот.

Спијте доволно

Неквалитетниот сон е поврзан со високо ниво на кортизол, што значи спиењето барем седум часа навечер може да ви биде од помош.

8-znaci-deka-imate-visoko-nivo-na-stres-hormoni-vo-organizmot-i-kako-da-go-namalite-11.jpg

Вежбајте

Бројни истражувања имаат покажано дека редовната физичка активност го подобрува сонот, го намалува стресот, а со тоа го намалува и нивото на стрес-хормони.

8-znaci-deka-imate-visoko-nivo-na-stres-hormoni-vo-organizmot-i-kako-da-go-namalite-12.jpg

Бидете свесни за вашите мисли

Некогаш не мора да се случи нешто стресно, туку доволно е да за западнете во вашите негативни мисли за да си создадете стресна ситуација.

За да го избегнете ова, бидете свесни за вашите мисли и не дозволувајте да преовладуваат негативните.

8-znaci-deka-imate-visoko-nivo-na-stres-hormoni-vo-organizmot-i-kako-da-go-namalite-13.jpg

Медитирајте и правете вежби со дишење

Медитацијата е одличен начин да го смирите умот, а со тоа и да го намалите стресот.

Сличен ефект имаат и вежбите со дишење.

8-znaci-deka-imate-visoko-nivo-na-stres-hormoni-vo-organizmot-i-kako-da-go-namalite-14.jpg

Смејте се

Смеењето го поттикнува лачењето на ендорфини, а го потиснува лачењето на кортизолот и другите стрес-хормони.

Па, гледајте комедии, наоѓајте време за забавни активности, дружете се со блиски личности…

8-znaci-deka-imate-visoko-nivo-na-stres-hormoni-vo-organizmot-i-kako-da-go-namalite-15.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg