„Ми отрпнаа рацете и нозете, не можев да одам“: Зошто е важно да внесувате доволно витамин Б12 и кои се симптомите за недостаток?

„Лекарот ми кажа дека ако не се третира недостатокот од витамин Б12, може да настане непоправлива штета на нервниот систем“ – кои се симптомите за недостаток од витамин Б12, зошто настанува и како можете да го спречите?

mi-otrpnaa-racete-i-nozete-ne-mozhev-da-odam-zoshto-e-vazhno-da-vnesuvate-dovolno-vitamin-b12-i-koi-se-simptomite-za-nedostatok-01.jpg

Витаминот Б12 има важна функција во нашиот организам. Бидејќи нашето тело не може да го произведе, важно е да внесуваме храна богата со него.

Ако, пак, се јави недостаток, можете да почувствувате симптоми кои ќе ве заплашат.

Кели Рисман од САД се нашла во ваква ситуација и откако ги забележала симптомите, лекарите ѝ кажале дека има сериозен недостаток од овој витамин.

За Insider, таа го споделува своето искуство со цел да ги едуцира другите:

Во среда наутро, во мај, отидов да џогирам. Јадев како вообичаено и отидов на работа. Но, кога се подготвував да си легнам, ми се случи нешто необично.

Лежев на мојата десна страна во креветот кога почувствував трпнење на левата рака. Не лежев врз неа, па не ми беше јасно зошто ми отрпнува. Ја истресов, пробав да ја истегнам, но трпнењето не престана.

По 30 минути паничење, се убедив дека само си замислувам, и заспав. Но, кога се разбудив следното утро, го имав истото чувство на трпнење во двете раце, дланките, нозете и стапалата. Навистина бев исплашена.

Отидов во болница каде што лекарот ми кажа дека трпнењето може да биде објаснето со вирусна инфекција, без разлика што не ми направи никаков тест и не ми даде никаков лек. Се чувствував безнадежно, а трпнењето стануваше посилно.

mi-otrpnaa-racete-i-nozete-ne-mozhev-da-odam-zoshto-e-vazhno-da-vnesuvate-dovolno-vitamin-b12-i-koi-se-simptomite-za-nedostatok-06.jpg

Бидејќи симптомите не ми се променија, отидов кај матичниот лекар кој ми направи детална крвна слика. Пет дена ги чекав резултатите и во тој период се чувствував толку слабо, што веќе не можев ни да џогирам.

Конечно, ги добив резултатите: имав сериозен недостаток од витамин Б12.

Лекарот ми кажа дека многу луѓе немаат симптоми. Кажа дека недостатокот од Б12 може да остане недијагностициран бидејќи симптомите не се специфични, како замор, трпнење и тешкотии при движењето.

И покрај сè, барем третманот изгледаше лесен: цел месец инјекции со витамин Б12, а потоа додатоци во исхраната.

Мислев дека симптомите ќе исчезнат по една недела инјекции – грешев.

mi-otrpnaa-racete-i-nozete-ne-mozhev-da-odam-zoshto-e-vazhno-da-vnesuvate-dovolno-vitamin-b12-i-koi-se-simptomite-za-nedostatok-05.jpg

На телото му треба време да ја обнови резервата на витамин Б12. Лекарот ми кажа дека симптомите можат да траат од три месеци до една година.

Тоа ми се случи мене. И покрај терапијата, симптомите ми се влошија пред да исчезнат, и имаа лошо влијание врз мојот живот.

Трпнењето на нозете беше постојано. Немав апетит и редовно прескокнував оброци. Имав проблеми со концентрацијата. Главоболките ми станаа толку силни што не можев да спијам. Видот ми се замаглуваше.

Јас имав среќа што делував веднаш. Лекарот ми кажа дека ако не се третираат симптомите, можат да предизвикаат непоправлива штета на нервниот систем и да ја нарушат способноста за нормално одење, но и да предизвикаат губење на моторната функција во нозете.

Ми рече дека нетретираните симптоми можат да имаат лошо влијание врз производството на црвените крвни зрнца, а ова го зголемува ризикот од проблеми со срцето, па дури и ризикот од деменција.

Речиси пет месеци подоцна, моите симптоми почнаа да исчезнуваат. Ми се вратија силата и енергијата, трпнењето исчезна и повторно можам да трчам“.

Можеби искуството на девојката звучи по малку застрашувачко, но многу добро покажува зошто треба да обрнеме на внесот на витамин Б12.

На следната страница која е функцијата на овој витамин, кои се симптомите за недостаток и кои луѓе се изложени на поголем ризик…



Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава