4 витамини кои се клучни за мозокот и ќе ве заштитат од проблеми со заборавање

Истражувањата покажале дека недостатокот од витамин Д го зголемува ризикот од деменција и Алцхајмер кај постари лица. Па, осигурете се дека го внесувате доволно, секако во консултација со лекар. Кои други витамини се добри за мозокот? 

omega-3-masni-kiselini-i-3-vitamini-koi-se-kluchni-za-zdravjeto-na-mozokot-01.jpg

Секоја хранлива материја што ја внесуваме има важна улога во нашиот организам.

Некои витамини и минерали се клучни за работата на срцето, некои за имунитетот, а некои за мозокот.

Овојпат ќе се фокусираме на хранливите материи кои се неопходни за оптимално функционирање на мозокот, а со тоа и можно намалување на ризикот од проблеми со меморијата и когнитивните способности.

Важно е да знаете дека не треба да земате повеќе од препорачаната доза овие хранливи материи, туку треба да се осигурате дека внесувате доволно количество.

Ако се сомневате дека имате недостаток од некој од нив, консултирајте се со лекар и тој ќе ви каже дали има потреба да направите промена во исхраната или да почнете да земате додатоци.

За кои хранливи материи станува збор?

Витамин Б12

Експертите со години го испитуваат влијанието на витаминот Б12 врз мозокот, а истражувањата покажале дека недостатокот од овој витамин може да предизвика проблеми со меморијата и когнитивните способности.

На пример, во истражување од 2020 година учествувале луѓе кои имаат недостаток од витамин Б12 како и проблеми со меморијата и когнитивните способности.

Резултатите покажале дека околу 84% од испитаниците кои земале суплементи со витамин Б12, забележале подобрување на симптомите.

Овој витамин претежно се наоѓа во храна од животинско потекло, а бидејќи мнозинството луѓе често јадат месо и млечни производи, недостатокот не е многу честа појава.

Сепак, оние кои се вегани или вегетаријанци можат да се соочат со недостаток.

Исто така, некои лекови и здравствени проблеми можат да имаат негативно влијание врз апсорпцијата на витаминот Б12, а со тоа да предизвикаат недостаток.

Важно е да знаете дека ако немате недостаток од овој витамин, не треба да земате повеќе од потребното бидејќи нема да има влијание врз состојбата на мозокот.

Односно, треба само да се осигурате дека внесувате доволно витамин Б12 за да го намалите ризикот од проблеми со меморијата.

omega-3-masni-kiselini-i-3-vitamini-koi-se-kluchni-za-zdravjeto-na-mozokot-02.jpg

Витамин Д

Истражувањата покажале дека витаминот Д можеби има врска со когнитивните способности и оптималното работење на мозокот.

Исто така, оптималното ниво на овој витамин во организмот веројатно го намалува ризикот од проблеми со сеќавањето кои се предизвикани од староста.

Според едно истражување, недостатокот од овој витамин најверојатно го зголемува ризикот од деменција и Алцхајмер кај постари лица.

Нашето тело создава витамин Д, а за ова е потребно изложување на сончева светлина. Тој се наоѓа и во мал број прехранбени продукти, како лосос и црн дроб.

Ако не јадете многу продукти со витамин Д и ако не се изложувате често на сончева светлина, разговарајте со лекар за земање суплементи.

omega-3-masni-kiselini-i-3-vitamini-koi-se-kluchni-za-zdravjeto-na-mozokot-03.jpg

Витамин Е

Витаминот Е е важен антиоксидант кој ги штити клетките од оксидативен стрес - нерамнотежа помеѓу слободни радикали и антиоксиданти во телото.

Бидејќи мозокот е подложен на оксидативен стрес, експертите претпоставуваат дека витаминот Е може да биде од голема помош и да го намали ризикот од проблеми со меморијата и когнитивните способности.

Истражување во кое учествувале лица со поблага форма на Алцхајмер покажало дека испитаниците кои земале додатоци со витамин Е во период од две години, забележале забавен напредок на болеста.

Овој витамин претежно се наоѓа во храна од растително потекло, како пиперки, тиква, бадеми, путер од кикиритки, семки од сончоглед и спанаќ.

Ако ајдете разновидна храна и внесувате многу продукти од растително потекло, најверојатно нема да се соочите со недостаток.

Ако размислувате за суплементи, секако, консултирајте се со лекар.

omega-3-masni-kiselini-i-3-vitamini-koi-se-kluchni-za-zdravjeto-na-mozokot-04.jpg

Омега-3 масни киселини

Омега-3 масните киселини се важни за здравјето на мозокот, а недостатокот од нив е поврзуван со невродегенеративни болести.

Истражување покажало дека кај испитаниците со Алцхајмер кои земале додатоци со омега-3 масни киселини во период од 12 месеци болеста се развивала побавно.

Сепак, друго истражување покажало дека омега-3 масните киселини можат да го имаат овој ефект само кај лица кои се во раната фаза на вакви болести.

Малку продукти содржат омега-3 масни киселини од кои повеќето се риби. Па, ако воопшто не јадете риба, разговарајте со вашиот лекар за суплементи.

omega-3-masni-kiselini-i-3-vitamini-koi-se-kluchni-za-zdravjeto-na-mozokot-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Витамини и минерали што треба да ги внесувате уште сега, за да ги избегнете настинките во студените ... Сите знаеме дека витаминот Ц го зајакнува имунитетот, но кои други витамин и мин...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат? Генетика, возраст, но и хормонални промени од разни нарушувања или фази од живот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg