Нова хит-техника што помага при ослободување од стрес - ја користи и Џастин Бибер

Техниката вклучува лесно допирање или галење на клучните коски или надлактиците, допирање на лицето или косата, или само триење на рацете и ветува брзо, ефективно ослободување од стресот и анксиозноста.

nova-hit-tehnika-shto-pomaga-pri-osloboduvanje-od-stres-ja-koristi-i-dzhastin-biber-01.jpg

Таканаречената хевенинг техника (havening technique) е нова техника за ослободување од стрес која го привлекува вниманието на познатите личности и инфлуенсерите.

На пример, за да се смири, Џастин Бибер постојано ги трие рацете, a потоа со нежни допирања се движи кон лицето или косата.

Што претставува оваа техника?

Ова е техника за смирување која ветува брзо, ефективно ослободување од стресот и анксиозноста. Теоретски, создава да се чувствувате како во „рај“ по кратка сесија.

Техниката го поттикнува лачењето серотонин, или „хормонот на среќата“. Техниката вклучува лесно допирање или галење на клучните коски или надлактиците, допирање на лицето или косата, или само триење на рацете.

Во типична сесија, луѓето се сеќаваат на емотивните спомени, а потоа го одвлекуваат вниманието со фокусирање на физичкиот допир и поврзувањето со своето тело.

hevening-tehnika-nov-trend-shto-pomaga-pri-osloboduvanje-od-stres-a-duri-i-dzastin-biber-go-potvrduva-toa-02.png

Како да ја направите дома?

  • Седнете во тишина или пуштете релаксирачка музика. Започнете нежно да ги триете рацете.
  • Почнете да именувате неколку омилени актери или актерки.
  • Потоа, продолжете со именување зеленчуци и со нежни движења допрете го лицето.
  • Продолжете со именување видови овошје.
  • Ќе видите дека постепено ќе почнете да се опуштате и ќе заборавите што правевте или што размислувавте пред оваа сесија.
  • Продолжете со нежни движења низ косата или вратете се назад кон надлактиците.

Наместо набројување, актери, овошја и слично, можете да се фокусирате и на некое убаво сеќавање или тивко да пеете некоја омилена песна. Важно е да го тргнете фокусот од секојдневните грижи и лошите мисли, па пробајте што најмногу ви одговара вам.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...
Исповеди на луѓе кои слабееле со Оземпик: „Престанав кога почна да ми паѓа косата“ „Си ги вратив килограмите“, „Девојка ми ослабе 20 килограми, но продолжи да вним...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg