Оргазмот ги намалува менструалните болки и уште 5 факти за вагината кои треба да ги знаете

Знаењето е моќ, особено кога станува збор за нашето тело. Вагината е можеби најинтересниот дел од телото, но има многу митови и дезинформации за овој дел од човечката анатомија. Речиси 50% од населението поседува вагина, а сепак многу луѓе не знаат речиси ништо за овој полов орган (а камоли за клиторисот).

orgazmot-gi-namaluva-menstrualnite-bolki-i-ushte-5-fakti-za-vaginata-koi-treba-da-gi-znaete-01.jpg

Ако едноставното слушање на зборот „вагина“ прави да се згрозите од срам, не сте сами. Всушност, една анкета од 2016 година открива дека 65% од младите жени имаат проблеми да кажат „вагина“, при што многумина претпочитаат да користат други термини, како што се „женски делови“.

Како и да го наречете, постои една работа за која сите можеме да се согласиме: вагината е од витално значење за човековата репродукција и игра голема улога во сексуалното задоволство.

Затоа, прочитајте ги овие факти за вагината и не срамете се да ги споделите со вашите другарки, колешки, мајки, баби, па и партнери:

Не можете да изгубите тампон или што било во вашата вагина

Тој момент на паника за време на сексот кога ќе сфатите дека ставивте тампон тоа утро? Да, сите сме биле таму. Но, не грижете се, вашиот тампон ќе оди само малку подалеку.

За време на породувањето, грлото на матката се шири додека бебето поминува низ него. Но, остатокот од времето, грлото на матката останува затворено, така што навистина не можете да изгубите нешто таму.

Дури и ако го изгубите кончето од тампонот, немојте да паничите. Пробајте да го извадите сами, а ако не можете, одете кај вашиот гинеколог.

Клиторисот има многу нерви завршетоци

Пенисот има околу 4.000 нервни завршетоци на горниот дел, или главата. Познатиот „тешко пронајден“ клиторис има 8.000. Ова е причина да му го дадете заслуженото внимание на вашиот клиторис.

Според поново истражување, сосема возможно е клиторисот да има и до 10.000 нервни завршетоци.

6-fakti-za-vaginata-koi-navistina-treba-da-gi-znaete-02.jpg

Вагина се чисти сама

Постојат специјализирани бактерии со единствена цел - да ја одржуваат вашата вагинална pH вредност на оптимално ниво за да се отстранат другите непријателски бактерии.

Сосема е нормално да се види исцедок кој може да биде густ, проѕирен или бел. Ова е резултат на напорите за чистење на вашата вагина. Техниките за чистење се лоша идеја бидејќи можат да ја исфрлат оваа природна рамнотежа, што доведува до проблеми како бактериска вагиноза и инфекција.

Од друга страна, вулвата, надворешниот дел од женските полови органи, не се чисти сама. За да го исчистите овој дел можете да користите средства за интимна нега, но обично доволно е и само вода.

Повеќето жени не можат да доживеат оргазам само со вагинална пенетрација

Малку повеќе од 18% од жените велат дека можат да постигнат оргазам само со пенетрација. За останатите 80%, клучната оргазмична состојка е клиторисот.

Некои луѓе можат да доживеат и вагинален и клиторичен оргазам во исто време, исто така наречен „мешан оргазам“, што можеби звучи ретко, но е сосема остварливо.

Има и многу совршено здрави тела кои ретко или никогаш не стигнуваат до оргазам.

6-fakti-za-vaginata-koi-navistina-treba-da-gi-znaete-01.jpg

Некои жени имаат две вагини

Поради ретка абнормалност наречена uterus didelphys, многу мал број жени всушност имаат два вагинални канали.

Жените со две вагини сè уште можат да забременат и да родат бебе, но постои многу поголем ризик за спонтан абортус и предвремено породување.

Оргазмот ги ублажува менструалните болки

Обидете се да доживеете оргазам за да го стимулирате ослободувањето на хемикалиите за добро чувство како допамин и серотонин.

Природните ефекти за ублажување на болката на овие хемикалии можат да ги намалат менструалните грчеви, а самиот оргазам ги релаксира мускулите.

Кога мастурбираат, некои луѓе уживаат да користат вибратор или да гледаат нешто секси за да се расположат, па пробајте и вие и вашите болки ќе исчезнат.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg