7 начини да го скратите времето поминато во чистење низ домот

Да бидеме искрени од старт, ретко кој ќе каже дека чистењето му е омилена активност по дома. Тоа е едно од оние нешта кое сакаме побрзо да ги завршиме, за да продолжиме со поважните обврски. 

7 nacini da go skraite cistenjeto na domot 01

И за да го направиме чистењето малку побезболен процес, ви откриваме 7 начини како да исчистите побрзо.

Чистете додека чекате

Чекате да ви се исуши маската за лице? Тоа е одличен момент да го подзабришете плакарот. Чекате да се допече ручекот? Искористете го времето да ги раскренете чистите садови.

Кога ќе ги поврзете ситните домашни обврски со активности во кои уживате, чистењето нема да ви ја цеди енергијата до таа мера.

7 nacini da go skraite cistenjeto na domot 02

Користете послужавник за да исчистите побрзо

Најбрзиот начин да ослободите одредена површина од непотребни и нафрлани предмети е послужавникот. Откако ќе ги соберете на него потоа ќе ви биде многу полесно секој од нив да го вратите на свое место.

Искористете ја машината за садови

Не ограничувајте ја нејзината функција. Разгледајте по дома - секој предмет полн прашина што го собира во машината за садови и би ја издржал програмата за темелно чистење, ќе ви заштеди време и енергија.

Тоа може да бидат чиниите за храна на вашиот миленик, играчки, стаклени украси, држачи за сапун и т.н.

Бел оцет и сода за упорни дамки

Белиот оцет во комбинација со сода е пократкиот пат до чист и блескав дом. Со оваа мешавина може да ги исчистите упорните дамки во микробрановата печка, кујнскиот одвод, тушот, па дури и теписите. Истурете сода врз тепихот, оставете ја да делува еден час а потоа поминете со правосмукалка.

Користете пластични кутии за организација

Пластичните кутии се одличен начин да се поштедите од темелно чистење на фрижидерот барем некое време. Организирајте ги намирниците во кутии што лесно се перат, а на сличен начин може да го одложите и чистењето на шпоретот.

Ставете огноотпорен сад под решетката во рерната за да ја валкате помалку, а со тоа и да го скратите следното нејзино чистење.

7 nacini da go skraite cistenjeto na domot 04

Организирајте ги средствата за чистење

Потребна ви е стратегија за тоа што купувате и каде го чувате. Најдобро е да купувате од оние средства со кои може да чистите повеќе површини. Организирајте се - еден едноставен начин е да имате корпа за средства што е лесно пренослива и може да ја носите со вас низ домот додека чистите.

7 nacini da go skraite cistenjeto na domot 05

Почнете од високо кон пониско

Кога чистите прашина, секогаш почнувајте од највисоките елементи кон пониските. Почнете со таванските лампи, украсните лајсни и прозорите. Правосмукалката треба секогаш да е на последно место на листата. На тој начин ќе успеете да да завршите сè во еден здив.

7 nacini da go skratite cistenjeto na domot 06

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
5 начини да ја претворите трпезаријата во пријатно катче, со малку пари Главниот фокус нека ви биде на осветлувањето и текстилот (материјалите), а потоа...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...

Најчитани неделава