Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото)
„Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност која доба од годината сме. Покрај останатите декорации, омилени ми се есенските. Топол чај, пријатна атмосфера, мирис на цимет и добра книга е сè што ми дава мир и спокој во есенските денови“, вели Драгана Ѓорѓиевска за CRNOBELO.com.
Драгана Ѓорѓиевска живее во стан во Гостивар со сопругот и двете дечиња и во секој период од годината нејзиниот дом е тематски украсен.
Како минатата година, така и оваа, есенските денови ја инспирираа да направи вистинска есенска бајка.
За љубовта кон есента, но и уредувањето на домот таа за CRNOBELO.com вели:
„Хризантеми во разни бои, љубичици или темјанушки... Нема кој не останал рамнодушен на нив.
Облечени во разнобојни рува, предвесници на есента...
Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност која доба од годината сме.
Покрај останатите декорации, омилени ми се есенските.