Трендови за уредување на домот кои ќе доминираат во 2024 година

70-тите се враќаат на голема врата. „Бушави“ килими, плочки во впечатливи бои, темно дрво и уникатни детали ќе бидат хит нареднава година.

trendovi-za-ureduvanje-na-domot-koi-kje-dominiraat-vo-2024-godina-01.jpg

Почетокот на годината за многумина значи воведување некаква промена во домот.

Без разлика дали станува збор за нова боја на ѕидовите на дневната соба или за нови плочки во бањата, некој сака големи, а некој помали промени. 

Доколку сте се одлучиле да воведете новитет во вашиот дом, ви ги претставуваме трендовите за 2024 година, кои можеби ќе ви послужат како инспирација.

Оживување на 70-тите

Трендовите за внатрешен дизајн од 70-тите ќе бидат во мода во 2024 година.

Темното дрво, лакираните површини, „бушавите“ килими и нискиот мебел се очекува да се вратат во домовите.

Плочки

Модерните плочки се очекува да бидат многу популарни во 2024 година.

Оние кои се љубители на минималистички дизајн може да одберат рамни плочки во неутрални бои.

Додека оние кои бараат похрабар изглед можат да изберат плочки во впечатливи бои како што се кафеавата, сината и зелената.  

Максимилизам

Минималистичкиот дизајн доминира неколку сезони по ред, меѓутоа во 2024 година на сцена стапуваат смелите бои, шаренилото и луксузните текстури.

Овој тренд ќе поттикне храбар пристап кон дизајнот, овозможувајќи личноста да се изрази преку боите.

Топли тонови

Топлите тонови ќе бидат популарен избор за 2024 година.

Веселите и драматични нијанси, вклучувајќи ја зелената, сината и топлите земјени тонови, ќе бидат „ин“.

Овие бои предизвикуваат чувство на удобност и спокој, а истовремено се впечатливи.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Детали што прават домот да делува непријатно и евтино Комбинирате или многу бои или само една и ставате тепих со несоодветна големина....

Најчитани неделава