9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан
Мебелот не треба да е поставен централно
Ако имате мал стан, централно поставениот мебел дополнително ќе го стесни просторот.
Затоа, секогаш ставете ги креветот или софата покрај ѕидот, а масичката нека биде колку што е можно помала (за да не зазема премногу простор) и секогаш во близина на гарнитурата.
Избегнувајте топли тонови
Дизајнерите препорачуваат да избегнувате топли тонови кога уредувате мал стан, дури и кога боите се светли и мислите дека визуелно ќе го прошират просторот.
Тоновите кои не се препорачуваат се црвени, жолти и портокалови. Од друга страна, можете да користите светло сиви, сини и зелени нијанси.
Без завеси на прозорците
Завесите и тешките драпери се одлични за широки простории, но не и за мали, тесни соби.
Затоа, за дополнително да не го стесните визуелно просторот, не ставајте завеси на прозорците.
Контрастни подови и ѕидови
Ако ѕидовите ви се светли, но ставите ламинат или паркет со темна боја, повторно ќе направите грешка. Темните подови во мал простор (дури и со контрастни светли ѕидови) го „стеснуваат“ просторот.
Наместо тоа, изберете неутрални бои за подот, кои визуелно ќе ја рашират просторијата.
Ориентален стил
Ако сте љубител на ориенталниот стил на уредување, тогаш во собата ставете тепих во ваков стил и можеби 1-2 мали украси.
Но, немојте да го пренатрупате просторот со украсни перничиња во ориентален стил и со исти такви прекривки врз креветите.
Ако сакате украсни перничиња на софата, тие нека бидат еднобојни или со дискретни шари. Истото се однесува и на прекривките.
А. Ј. | Црнобело