20 идеи како да ја уредите собата на вашата ќерка тинејџерка (фото)

Прво и најважно правило кога ја преуредувате собата на вашата ќерка тинејџерка е да се водите од нејзините желби (колку што тоа ви го дозволуваат буџетот и просторот), а не од вашите.

20-idei-kako-da-ja-uredite-sobata-na-vashata-kjerka-tinejdjerka-foto-01.jpg

Кога ќе влезат во тинејџерските години, девојчињата веќе не сакаат нивната соба да личи на детска.

Токму затоа преуредувањето на овој простор не е нималку лесна работа.

Ова е особено така, поради тоа што на таа возраст, девојчињата можат многу лесно да се премислат, па она што им се допаѓало вчера, денес да не им е убаво и да сакаат нова промена.

Дизајнерите на ентериер препорачуваат да се држите до неколку едноставни правила, ако не сакате да згрешите (многу) при уредувањето на тинејџерската соба за девојки.

Во собата треба да има кревет, препорачлива е работна маса за да има каде да учи, простор во кој ќе може да се изразува креативно или да го практикува своето хоби (ако го има) и секако - голем плакар за облеката.

20-idei-kako-da-ja-uredite-sobata-na-vashata-kjerka-tinejdjerka-foto-02.jpg

Доколку просторот во собата го дозволува тоа, можете да поставите и поголемо огледало.

Внимавајте многу на деталите - не ги бирајте вие, туку заедно со неа, но потрудете се да бидат комплементарни и да се вклопат едни со други.

Исто така, важно е таа да ја избере бојата во која ќе бидат бојосани ѕидовите, бидејќи таа ќе го поминува таму своето време, а не вие.

Доколку, пак, нема идеја што сака или ако ни вие не сте сигурни, погледнете ја галеријата во продолжение - минималистички дизајни, но и бајковити розови простори, весели жолти соби...

Можеби ќе се инспирирате пред да почнете да преуредувате.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Шест грешки поради кои малиот дом изгледа уште помало (и хаотично) Мебел за кој очигледно немате место, како и доминација на темни бои. Кои грешки ...
5 трикови за стилски дом што ги користат дизајнерите на ентериер Комбинирајте повеќе дезени во една просторија, а ако ви се чини дека недостасува...

Најчитани неделава