10 (евтини) трикови и совети за удобен дом во нордиски стил
Направете многу простор за складирање
Домовите уредени во нордиски стил никогаш не изгледаат натрупано бидејќи секогаш има многу простор за складирање.
Гардеробер со повеќе врати и фиоки кој достигнува до таванот, место за складирање под креветот, табуретки со простор за складирање…
Пробајте максимално да го искористите секој простор во кој може да се чува нешто.
Додајте зеленило
Пастелните бои доминираат во нордискиот стил на уредување, а во вакво опкружување, одлично се вклопува зеленилото од свежите растенија бидејќи создава убав контраст.
И, доволни ви се едно-две растенија во собата за да ја видите разликата.
Домот треба да изгледа како некој да живее во него
Ова значи дека вашиот дом не треба да изгледа како излезен од каталог, бидејќи тогаш нема топлина.
Во ред е на масичката во дневната да стои книгата што ја читате, или на работната маса во кујната да ви се сместени лажиците за готвење.
Исто така, не мора се да биде „гланц“ ново – предметите што сте ги користеле долго имаат сентиментална вредност и му даваат топлина на домот. Па, не мора да ги заменувате штом забележите една гребаница на нив.
Рачни изработки како декорации
Во нордискиот стил на уредување се цени уникатноста. Па, избегнувајте да го украсувате домот со „генерички“ украси што ги имаат сите.
Давајте им предност на рачно направени предмети, уметнички дела и слично. Ако сте креативни, можете и сами да си направите нешто.
Ситници што вам ви причинуваат задоволство
На крај, сепак е во прашање ваш дом во кој вие треба да се чувствувате удобно.
Слободно додајте ги ситниците што ве прават среќни, без разлика дали тоа се свеќи, омилениот килим, некое меко ќебе или нешто сосема друго.
Спирова С. | Црнобело
