Комбинации на бои за ентериер кои ќе бидат хит во 2026-та

Теракота и пастелно зелена

Нијансата на цигла, нарекувана и теракота, и пастелно зелената ќе бидат огромен хит во 2026-та според дизајнерите.

Оваа комбинација на бои делува топло и удобно и е совршена за оние кои не сакаат минимализам, но не сакаат ни кич.

Идеална е за во дневна соба или канцеларија.

kombinacii-na-boi-za-enterier-koi-kje-bidat-hit-vo-2026-ta-05.jpg

Пастелно розова и темносива

Темносивата му дава длабочина на просторот, додека пастелно розовата нијанса создава одлична рамнотежа со потемната боја.

Ако не сакате темни ѕидови, можете да ги офарбате со пастелна розова, а кај елементите да доминира темносината боја.

Изгледа одлично во секоја просторија.

kombinacii-na-boi-za-enterier-koi-kje-bidat-hit-vo-2026-ta-06.jpg

Боја на сенф и темносина

Бојата на сенф е богата нијанса која го подобрува расположението. Во комбинација со темносина, може да биде идеална за кујна или дневна соба.

Додека бојата на сенф го осветлува просторот, темносината создава убав и пријатен контраст, идеален за оние кои не сакаат монотоност во просторот.

kombinacii-na-boi-za-enterier-koi-kje-bidat-hit-vo-2026-ta-07.jpg

Комбинација од неутрални нијанси

Додека сивата и белата можат да делуваат здодевно, комбинацијата на други неутрални нијанси може да биде совршена.

Ако искомбинирате кафени, сиви и беж нијанси ќе добиете простор со смирена атмосфера, но кој не изгледа „стерилно“.

kombinacii-na-boi-za-enterier-koi-kje-bidat-hit-vo-2026-ta-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ретро комбинации на бои кои изгледаат совршено во (по)модерен ентериер Светлосина и боја на цреша или, пак, боја на сенф со земјени тонови – некои ретр...
Детали што прават домот да делува непријатно и евтино Комбинирате или многу бои или само една и ставате тепих со несоодветна големина....
7 бои во домот кои експертите советуваат да ги избегнувате (и што да изберете наместо нив) Се вселувате во нов стан или сакате да го реновирате постоечкиот. И не знаете шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg