7 бои во домот кои експертите советуваат да ги избегнувате (и што да изберете наместо нив)
Кафеави бои
Некои кафеави нијанси се здодевни и непривлечни, а просторот го прават визуелно пренатрупан (дури и кога не е така).
Наместо тоа експертите препорачуваат топли сиви бои, кои може да додадат софистицираност на просторот, без да делува студено.
Овие нијанси се одличен избор за модерни и за традиционални простори, а нудат и неутрална основа на ѕидовите, што ќе им овозможи на другите бои и украси во собата да блеснат.

Светла црвена
Оваа нијанса може да е многу интензивна и да предизвика чувство на лутина или анксиозност, а експертите советуваат да се избегнува, зашто не создава пријатно чувство да се живее во таков простор.
Наместо тоа, нивната препорака е зелената боја - нијанси како маслинесто зелена или жалфија, кои ќе внесат природен изглед во просторијaта и ќе создадат пријатно чувство и чувство на смиреност.
Овие бои се одлични и за дневната соба и за кујната.

Студени тонови во боја на мраз
Нијансите како мента или син мраз се бои кои потсетуваат на студ и болница, и не создаваат пријатно чувство.
Наместо тоа, експертите препорачуваат да изберете светло сини нијанси кои може да предизвикаат чувство на смиреност и спокој, што ги прави идеални за спалната соба или за бањата.
Овие бои одлично се дополнуваат со природните нијанси на дрво.

Силни бои
Силните бои, како на пример виолетовата или циклама, често се „судираат“ со елементите во домот.
Затоа, наместо нив се препорачуваат топли неутрални бои, како беж, топли сиви нијанси или крем, кои се одлични како основа за ѕидовите, за потоа со елементи во силни бои да можете да создадете пријатна или весела атмосфера во просторијата.

А. Ј. | Црнобело
