7 бои во домот кои експертите советуваат да ги избегнувате (и што да изберете наместо нив)
Се вселувате во нов стан или сакате да го реновирате постоечкиот. И не знаете што да правите со празниот бел ѕид пред себе. Каква боја да изберете? Дали ѕидовите да останат бели? Дали само еден ѕид да „двои“ од останатите? Дали пастелна нијанса е „спасот“?

Ако не сте сигурни во какви бои или нијанси сакате да ги обоите ѕидовите во домот, експерти кои се занимаваат со овие прашања го имаат одговорот.
Тие направија листа на бои и нијанси кои треба да ги избегнувате, дури и да ви се допаѓаат, но и што би било добра замена за нив.
Што советуваат експертите?
Болничка бела
Белата боја може да делува чисто и модерно, но исто така може да оддава впечаток на студен и стерилен простор.
Па наместо најбелата можна нијанса, изберете помеки тонови на бело, односно бела со малку крем или бледо розова нијанса.
Овие нијанси прават собата да делува пошироко, а за нијанса потопло.

Неонски бои
Неонските нијанси изгледаат интересно, но можат да бидат пренападни и со овие нијанси никогаш нема да ви биде пријатно во собата (барем не на долг рок).

Наместо тоа изберете задушени пастелни нијанси, на пример нежна лаванда или нежно розова - тие може суптилно да внесат боја во просторот, а сепак да ја задржат смирената нота.
Овие бои се совршени за детски соби или за работни, креативни простории.

Многу темни нијанси
Црната или морнарски сината нијанса прават секоја просторија визуелно да изгледа помала од она што е навистина, особено ако нема ни доволно природна светлина.
Ако сепак сакате потемни нијанси, изберете боја на јаглен (која е посветла варијанта на црната) или сина во боја на море (посветла нијанса на морнарски сината).
Овие бои ќе му дадат елегантна нота на просторот, особено во трпезаријата или ако имате домашна канцеларија.

