9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање)
Ставете тапет
Водоотпорните тапети кои се погодни за бања можат значително да го променат изгледот на просторијата.
Притоа, не мора да ставате тапети на целата бања – доволно е да акцентирате само еден ѕид.
Офарбајте ја бањата
Некогаш доволно е и само да ги офарбате ѕидовите со нова боја.
Ако ви одговара со другите елементи, ставете некоја богата нијанса, како темносина, за луксузен изглед.
Или, ако ѕидовите се бели, ставете малку потемна, беж нијанса.
Сменете ја завесата на туш-кабината
Старата и валкана завеса ќе ја нагрди и најубавата бања.
Па, заменете ја со нова, но избегнувајте ги оние со многу детали и шари и подобро одберете еднобојна.
Купете нови крпи
Дури и крпите со убав изглед прават разлика во изгледот на бањата, особено ако ги чувате таму.
Закачете уметничко дело
Ако имате празен ѕид во бањата, зошто да не ставите и некое уметничко дело?
Нема да ве чини многу, а значително ќе го разубави просторот.
Спирова С. | Црнобело
