Шарени лустери како балони се новиот тренд во ентериерот (фото)

Чешкиот дизајнер Борис Климек за компанијата Брокис осмислил фасцинантна колекција на лустери и ламби наречена „Memory“ во облик на балони кои нè навраќаат во детството.

shareni-lusteri-kako-baloni-se-noviot-trend-foto-01

Направени се со цел во секој дом да внесат доза радост и позитивна енергија, бидејќи изгледаат исто како вистински балони. Првите зборови кои ви доаѓаат кога ќе ги погледнете овие феноменални лустери се разиграно, шарено, имагинарно.

„Memory“ ѕидните ламби и лустери прават разиграна атмосфера во секој дом, особено ако ги поставите групно, во поголема количина и во неколку различни големини и бои.

„Memory“ ламбите се направени од тројно стакло, а врвката која виси од балонот, всушност служи за нивно вклучување и исклучување.

Достапни се две варијанти од овие забавни светлосни тела - оние кои се монтираат на плафонот и оние кои се ставаат бочно на ѕидот.

Светлата се исто така достапни во три различни големини и девет различни бои.

Бела, жолта, портокалова, црвена, сина, зелена, светло розева и тиркизна сина боја се балоните кои може да ги ставите во својата соба, дневната соба или ходникот.

Всушност, таа разновидност на бои и големини нуди многу комбинации кои овие ламби ги прават идеални за секоја просторија во вашиот дом, па дури и канцеларија.

Имено, овие фасцинантни ѕидни ламби и лустери не се само за деца. Може одлично да се искористат во јавните простори, клубови или како интересно уредување за кафулиња, хотели и ресторани.

Би можело да ве интересира:

Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен  Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличе...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg