Големи трикови за мали станови

Малиот стан не е причина за да не посакаме нешто повисоко, посветло и поубаво. Просторот може да се зголеми на неколку начини, а трите основни го подразбираат следното:

golemi-trikovi-za-mali-stanovi-01

- да се тргнат сите прегради или бар оние кои не се неопходни

- да се користи светол мебел

- во ентериерот посебно да се истакне некое парче мебел кој ќе ми даде свежина и пространост на просторот

Вака дизајнираниот стан дава чувство дека се наоѓа надвор од градот, а освен овие основни правила постојат и бројни  дополнителни можности за да го ублажите или целосно да го неутрализирате ограничувањето на малиот стан.

Искористете некој од практичните големи трикови за во мали станови:

Комбинирајте го плакарот со софата

Одличен начин за максимално да го искористите просторот за спиење и сместување на работите е да ги комбинирате орманот и софата, која воедно се пушта и се претвора во кревет за спиење. Најдобра опција е орманот да биде во бела боја или некоја друга светла боја бидејќи на тој начин го „отвора“ просторот, а истовремено ова парче мебел нема да се истакнува премногу, па просторот ќе делува посредено и поголем отколку што е. Препорачливо е белиот орман да се дополни со спротивниот ѕид во бела боја.

golemi-trikovi-za-mali-stanovi-1


Завеси и ситни детали

Завесите и тапетите се многу важен дел од секој стан, а посебно во малите станчиња. Во нив се препорачува користење на храбри завеси од цветниот материјал,  бидејќи во станот даваат некој рустикален шарм, што ја прави атмосферата попријатна. Ако тој амбиент се дополни со некој впечатлив детаљ дополнително ќе се нагласат пастелните бои во станот и ќе остави целосен впечаток.

golemi-trikovi-za-mali-stanovi-2


Тапети во силни и „живи“ бои

Многу ефективен трик во малите простори е  употребата на тапетите со силни и „живи“ бои, како на пример зелената боја со принт на дрво. Ако просторот се збогати и со две огледала од подот до таванот, ефектите дополнително ќе бидат забележливи.

golemi-trikovi-za-mali-stanovi-3


Оригинално решение на неискористениот простор

За да го заокружите целиот простор потребни се оригинални решенија, Едно од нив може да биде широка полица на ѕидот под телевизорот која ќе го направи просторот попрактичен и интересен, а воедно столчињата и другите детали може да ги позиционирате во непосредна близина. Со тоа истиот простор што е за одмор може брзо да го пренамените во простор за собирање и дружење.

golemi-trikovi-za-mali-stanovi-4


Мала трпезарија

Делот меѓу собата и малата кујна може да се претвори во трпезариски простор, а тоа да ви заштеди неколку драгоцени квадрати бидејќи максимално ќе ви биде искористен  делот од станот кој најчесто нема никаква посебна намена и употреба.

golemi-trikovi-za-mali-stanovi-5


Разнобојни предмети во бањата

Малиот стан подразбира и мала бања, па еден од најефективните трикови во овој случај е употреба на разнобојни предмети кои ве одвраќаат од помислата дека просторот е мал и прават весела, разиграна атмосфера во просторот кој нема дневна светлина. Најдобро од сè е тоа што за ваквиот трик ви се потребни минимални финансиски средства, па користа е двојна.

golemi-trikovi-za-mali-stanovi-6

Би можело да ве интересира:

Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен  Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличе...
Зеленило во секој дел од домот: Идеи од Пинтерест за да го „живнете“ просторот Со доаѓањето на пролетта природата почнува да оживува, а со тоа и собните растен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg