Големи идеи за мали спални соби

golemi-idei-za-mali-spalni-sobi-01.jpg

Не секој има голема спална соба, но со рационално искористување на просторот и малата спална соба може да биде удобна.

Со неколку мали преправки ќе имате доволно простор за сите неопходни работи, а сепак вашата спална нема да изгледа пренатрупано.

Направете си повеќе простор во вашата спална соба и искористете некои од овие идеи:

1. Во ќошот од собата направете закачалка и обесете ги оние парчиња облека кои најмногу ги носите. Вашата соба ќе изгледа дизајнерска, но и на овој начин заштедувате простор од непотребен голем гардеробер. 

golemi-idei-za-mali-spalni-sobi-1.jpg

 

2. Доколку немате простор за работна маса, тоа можете да го решите на едноставен начин. На ѕидот до креветот наместете полица која ќе биде малку повисока од вашиот кревет. На тој начин ќе можете да работите седејќи на креветот, а полиците ќе ви вршат голема функција. 

golemi-idei-za-mali-spalni-sobi-2.jpg

 

3. Уште една интересна опција за работна маса. Направете ја масата веднаш до креветот и нема ни да забележите дека ви „краде” од просторот. 

golemi-idei-za-mali-spalni-sobi-3.jpg

 

4. Разделете ја дневната соба од спалната со интересна завеса, а под креветот додајте фиоки кои дополнително ќе ви олеснат во заштедување на малиот простор. 

golemi-idei-za-mali-spalni-sobi-4.jpg

 

5. Може да направите дополнителен гардеробер или пак да направите простор од стариот, од кој ќе се извлекува мала масичка и табуретка за седење во која ќе чувате некои дополнителни работи. Кога нема да ги користите, оваа масичка и табуретка можете да ги вратите назад во гардероберот.

golemi-idei-za-mali-spalni-sobi-5

 

6. Наместо да го оставите празен, во просторот под креветот направете фиоки кои дополнително ќе ви го заштедат просторот, но и нема да имате потреба од голем гардеробер.

golemi-idei-za-mali-spalni-sobi-6jpg

 

7. Работната маса направете ја како мала полица и поставете ја на ѕидот од собата. Вашиот простор ќе изгледа визуелно поголем, а и ќе имате голем повеќе простор за да поставите други неопходни работи. 

golemi-idei-za-mali-spalni-sobi-7.jpg

 

8. Креветот може да го поставите над гардероберот и така малиот простор ќе го ослободите, а наместо големи ламби кои зафаќаат многу простор, поставете мали, ѕидни ламби.

golemi-idei-za-mali-spalni-sobi-8

Уште 7 идеи ве чекаат на следната страна...



Би можело да ве интересира:

9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...
10 парчиња од IKEA што совршено ќе се вклопат во секој ентериер Практичните, едноставни и безвременски парчиња од IKEA се омилени за многумина.&...
Како да ја уредите малата детска соба за да биде практична, но и да изгледа убаво? (фото) Простор за складирање под креветот, големо огледало и многу природна светлина – ...
8 необични куќи кои како да не потекнуваат од овој свет Некои куќи делуваат како да се од бајките.. Или како да се донесени од иднината....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg