5 Начини да ја освежите дневната соба со модерни и шик детали
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
монтер 18-01-2022


5 Начини да ја освежите дневната соба со модерни и шик детали

Ако центарот на вашата дневна соба се состои од удобна софа и телевизор, тогаш време е за акција! Со оглед на фактот, дека најголемиот дел од денот го поминувате токму во дневната соба, направете ја модерна и шик.

5nacini-da-ja-osvezite-dnevnata-soba-so-0moderni-i-sik-detalji-1

Пред да започнете со уредување на било која просторија, изберете боја на ѕидовите која ќе одговара со мебелот, а потоа според тие нијанси планирајте ја декорацијата.

Овие 5 начини ќе ви помогнат да го освежите омилениот дел од домот:

1. Изберете нова завеса, во светла и неутрална боја

На вашата дневна соба и е неопходна светлина, а во тоа ќе ви помогнат завесите во неутрална боја со впечатливи дезени. Освен што ќе ви внесат светлина во домот, завесите во светла боја ќе ве заштитат од сончевите зраци.

5nacini-da-ja-osvezite-dnevnata-soba-so-0moderni-i-sik-detalji-1

5nacini-da-ja-osvezite-dnevnata-soba-so-0moderni-i-sik-detalji-2

2. Необична масичка за кафе

После градината и терасата, омилено место за пиење кафе е дневната соба. Затоа одберете модерна и необична масичка која ќе ви го разубави просторот. Најсигурен избор ви е дрвената масичка со стакло, која можете да ја пронајдете во различни облици и големини.

5nacini-da-ja-osvezite-dnevnata-soba-so-0moderni-i-sik-detalji-3

5nacini-da-ja-osvezite-dnevnata-soba-so-0moderni-i-sik-detalji-4


3. Освежете ги ѕидовите со слики

Празните ѕидови во светлиот ентериер делуваат пусто и празно, затоа неопходно е да ги потполните со која шарена слика или фреска. Доколку вашата гарнитура е светла, одберете некоја шарена и весела уметничка слика. Запомнете, со вистинската слика додатни детали не ви се потребни.

5nacini-da-ja-osvezite-dnevnata-soba-so-0moderni-i-sik-detalji-5

5nacini-da-ja-osvezite-dnevnata-soba-so-0moderni-i-sik-detalji-6

4. Шарени перници

Празната гарнитура, исто како и ѕидовите, делува безлично и потребно е многу малку да ја збогатите со помош на перници во разни дезени. Не се ограничувајте во боите, особено ако вашата гарнитура е еднобојна. Перниците со цветен дезен се полн погодок и одлично се вклопуваат.

5nacini-da-ja-osvezite-dnevnata-soba-so-0moderni-i-sik-detalji-8

5nacini-da-ja-osvezite-dnevnata-soba-so-0moderni-i-sik-detalji-8.jpg-  


5. Необична ламба  

За стилски уреден простор, никако не ја изоставајте ламбата, која иако нема да биде најсилниот извор на светлина, но дефинитивно ќе биде силен детаљ. Заборавете на класиката и изберете ламба во несекојдневен и поинаков облик. 

5nacini-da-ja-osvezite-dnevnata-soba-so-0moderni-i-sik-detalji-9

Би можело да ве интересира:

Празници се ближат: 10 прекрасни идеи за зимска идила во спалната соба За помалку од месец дена ни пристигнува зимата, па зошто уште од сега да не си н...
10 правила кои морате да ги прекршите за вашиот дом да изгледа како од Инстаграм Збогум завеси, збогум класични керамички плочки, збогум идентичен мебел... Зб...
Идеи за „ученички катчиња“ во собата на децата каде учењето ќе им оди полесно (фото) Зависно од тоа колку се големи децата и со каков простор располагате – уредете г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg