Фенг шуи: Предмети во домот кои ќе ве заштитат од негативна енергија

Добра атмосфера, чувство на мир, благосостојба и позитивна енергија се работи кои сите ги посакуваме во домот.

feng-sui-6-predmeti-koi-kje-ve-zastitat-od-negativna-energija-1

За да се заштитите од негативната енергија, постојат неколку предмети, кои според фенг шуи треба да ги поседувате во вашиот дом.

1. Фенг шуи бамбус - билка која носи среќа во домот

Бамбусот е најпознатиот фенг шуи „лек” против лоша енергија. Лесно се одржува и е толерантен на различни услови, а и што е најважно одлично изгледа.

feng-sui-6-predmeti-koi-kje-ve-zastitat-od-negativna-energija-2



2. Фенг шуи фонтана за здравје и богатство

Убавата водена фонтана можете да ја сместите во дворот, домот или во канцеларија. Фонтаната е комбинација на нежен звук од ѕвончиња и вода, која носи мир и енергија. Таквите фонтани може да се пронајдат во добро опремени продавници.

feng-sui-6-predmeti-koi-kje-ve-zastitat-od-negativna-energija-3



3. Свеќа - силен елемент по фенг шуи

Фенг шуи препорачува да набавите свеќи во црвена боја, кои даваат добра енергија во домот, а квалитетниот свеќник симболизира долг живот.

feng-sui-6-predmeti-koi-kje-ve-zastitat-od-negativna-energija-4



4. Добра енергија со помош на фенг шуи слика

Убавата уметничка слика може значајно да ја подобри енергијата во просторот. Изберете слика врз основа на тоа каква енергија сакате во таа просторија. За спалната соба одлично би изгледала некоја нежна и сензуална слика, а активните уметнички дела ставете ги во работниот простор.

feng-sui-6-predmeti-koi-kje-ve-zastitat-od-negativna-energija-5



5. Добра енергија со помош на огледала

Огледалата делуваат како аспирин во фенг шуи. Поставете ги на добро смислени места и тие можат да ја подигнат енергијата, да донесат мир и свежина во домот.

feng-sui-6-predmeti-koi-kje-ve-zastitat-od-negativna-energija-6



6. Фигура од Буда за вашиот животен простор

Ако сте личност која често медитира или практикува јога, можете во својот дом да внесете мир со тоа што ќе додадете мала фигура од Буда. Тоа ќе ви донесе спокој во домот, а и оваа фигура добро се комбинира со секаков ентериер. 

feng-sui-6-predmeti-koi-kje-ve-zastitat-od-negativna-energija-8

Би можело да ве интересира:

10 работи во домот кои ќе им бодат очи на гостите кои сакаат ред Облека која се суши на радијатор, предмети кои не ги користите и се расфрлани на...
9 работи кои оддаваат „дом без вкус“ Непривлечни саксии за цвеќе - Вашите убави растенија, заслужуваат тренди саксии,...
Кај Анета дома: „Големата гарнитурата ми е погодок, а малиот број на фиоки во кујната ми е промашува... „Ја обожавам белата лулашка во дневната соба. Преудобна е, издржл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg