Грешки кои ги прават младите при првото уредување на дом

Доаѓа време да го декорирате својот прв стан и тогаш почнува да ви станува јасно дека целиот тој процес не е така едноставен.

greshki-koi-gji-pravat-mladite-pri-prvoto-ureduvanje-na-dom-001.jpg

Во моментот кога ќе почнете да се водите според сопствениот стил и моменталните потреби, вие сте завршиле барем половина од работата. Сепак, како поминува времето, така почнувате да се чувствувате како  просторот да се намалува.

Ваквите ситуации се нормални од причина што со текот на годините, работите се менуваат, стекнуваме други навики и имаме поинакви приоритети. Самата промена во начинот на живеење, бара ново прилагодување на просторот во кој домуваме.

Во продолжение, погледнете кои грешки ги прават младите кога прв пат уредуваат стан.

Потценување на моќта на просторот

Најголемата грешка која ја прават луѓето кои живеат во мал простор е тоа што не можат да сфатат колку ќе промени една полица за книги или креденче во ходникот. Младите се генерално насочени кон минимализмот.

За нив помалку, значи подобро. Меѓутоа по само неколку години, младите дизајнери најчесто сфаќаат каде настанала грешката.

Купување на работи за да се пополни просторот

Кога за првпат се вселувате во нов стан, нормално е да сакате сè да биде ново и супер уредено. При самата возбуда околу вселувањето, луѓето најчесто купуваат сѐ и сешто. Тоа е веројатно една од најголемите грешки.

Додека не почнете да живеете во станот, никогаш нема да знаете што ви треба, а што никогаш не би користеле. Доколку набавите сѐ предвреме, може да се случи да го затрупате просторот.

Претерување со сувенири

Секој од нас кога патува во странство, се враќа дома со по некој сувенир. Вака насобраните сувенири се трупаат во вашиот дом, а по само неколку години, ги има толку многу, што не можете да стигнете да ја одржувате хигиената во домот.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
5 трикови за стилски дом што ги користат дизајнерите на ентериер Комбинирајте повеќе дезени во една просторија, а ако ви се чини дека недостасува...

Најчитани неделава