Мини дневни соби - за домови со мала квадратура

Имате дневен престој со скромни димензии? Ви откриваме неколку паметни совети како да го уредите, плус дел од најубавите примери на Pinterest како инспирација.

mini-dnevni-sobi-za-domovi-so-mala-kvadratura-1.jpg

Колку и да не ни делува така, животот во мали станови си има и свои предности. Една од нив, секако, е и што не ви потребно премногу мебел и украсни детали за одлично да ја наместите дневната соба.

Ограничувањето кое го претставува недостатокот на квадрати, ни овозможува да вложиме малку повеќе во уредувањето, бирајќи квалитетни парчиња кои нашиот простор ќе го издигнат на повисоко ниво.

Во дневната соба, тоа е неизбежната софа, која ќе биде главно место за дружење и уживање во слободното време поминато дома. Со оглед на тоа дека во малите дневни соби нема доволно место за комплексни гарнитури, дополнителни места за седење може да добиете со помош на табуретки и столчиња.

Одлично решение за ваквите простории, исто така, претставува и висечкиот мебел, под кој може да се сместат клупа, маса или веќе споменатиот пар табуретки, ослободувајќи дополнителен простор на тој начин.

Креативно поставениот сплет на полици и орманчиња може да делува како фантастичен детаљ во декорот, па не се ограничувајте само на класична сталажа или обични полици.

Кога се малите дневни соби во прашање, без многу колебања може да си поиграте со боите и различните материјали, а доколку одбраниот стил на уредување набрзо ви здосади, нема да ви биде потребно многу труд, а ни време, за потполно да ја преуредите.

Нафрлете перничиња, закачете ги своите најдраги слики и додадете крзнено килимче во амбиентот, па за миг ќе создадете удобна дневна соба во која ќе престојувате со лезет.

Во продолжение, погледнете дел од најубавите мини дневни соби на Pinterest и „украдете“ по некоја идеја и за вашиот мал дневен престој:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...

Најчитани неделава