Одлична идеја за бањите – бетонски мијалници (фото)

Народски кажано, лавабото го краси или гнаси изгледот на тоалетот. Неговиот дизајн, боја и квалитет придонесува за убав или непривлечен простор.

Odlicna-ideja-za-banjite-betonski-mijalnici-01.jpg

Цената на квалитетен мијалник е прилично висока, а дури и кај најдобрите гаранцијата има ограничен рок на траење. По некое време започнуваат да пожолтуваат, а бараат и прилично често чистење и правилно одржување.

Еве една привлечна, уникатна и економична идеја – мијалници од бетон.

Бетонот е евтин, лесно достапен и се обликува едноставно и брзо во калап. Неговата боја е неутрална што значи дека одлично се вклопува со сите останати тонови во тоалетот. За посветла сива нијанса потребно е само да измешате побел цемент, но имајте предвид дека неговата цена е малку повисока од обичниот.

Единствено треба да имате предвид дека во смесата треба да се додадат адитиви со цел вашиот нов мијалник да не пропушта вода.

Воедно, може и да го обоите цементот со специјални бои во каква боја и да сакате.

Векот на траење е прилично долг, лесен е за одржување. Се суши брзо, не собира прашина, нема потреба од некое специјално одржување или скапи препарати и детергенти за чистење.

Одлично го доловува оној индустриски и рустичен изглед доколку го преферирате.

Идеи за кои вреди да размислите:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Шест грешки поради кои малиот дом изгледа уште помало (и хаотично) Мебел за кој очигледно немате место, како и доминација на темни бои. Кои грешки ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ретро комбинации на бои кои изгледаат совршено во (по)модерен ентериер Светлосина и боја на цреша или, пак, боја на сенф со земјени тонови – некои ретр...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...

Најчитани неделава