10 правила кои морате да ги прекршите за вашиот дом да изгледа како од Инстаграм

Збогум завеси, збогум класични керамички плочки, збогум идентичен мебел...

10-pravila-koi-morate-da-gi-prekrashite-za-vashiot-mebel-da-izgleda-kako-od-magazin-01.jpg

Ако сакате вашиот дом да изгледа како од Инстаграм или како од насловните страници на светските магазини, сè што сте знаеле досега за уредување на ентериер и опремување на дом – заборавете!

Време е да ги прекршите главните правила и да започнете еден смел експеримент:

Мебел во тон

Одамна се навикнавме мебелот да го купуваме во сет за сè да изгледа идентично. Комбинацијата тросед, двосед и фотелја е најчеста.

Сега купете целосно различни фотелји, кои воопшто не наликуваат на каучите. Важно е да се вклопува со нешто друго во вашиот дом, како завеси, полици или теписи.

Мебел во спалната соба

Верувале или не, спалната соба ќе ви изгледа одлично дури и ако немате кревет и ноќни ормани во тон.

Купете каква било столица што ви се допаѓа и ставете ја до креветот.

Бели ѕидови

Ѕидовите во вашиот дом може да бидат бели, а притоа да не изгледа како да живеете во болница.

Единствениот трик е да не ставате премногу бели работи во собата. Испланирајте убаво и ќе добиете светол и атрактивен ентериер.

Мебел до ѕидовите

Луѓето мислат дека со почитување на ова правило, ќе добијат многу повеќе слободен простор. Но, тоа важи само за мали простори, каде не постои друг избор.

Ако собата е доволно голема, заборавете не овој стереотип и играјте си – поделете го просторот со троседот, ставете фотелја среде собата итн.

Класични керамички плочи во купатилото

Некогаш се знаеше, светлите керамички плочки се изборот за во тоалетот и тоа е тоа.

Но, денес постојат толку многу начини за декорирање на купатилото што сосема слободно можете да експериментирате со плочки, кои наликуваат на камен, бетон или дрво.

Трпезариски мебел

Не плашете се од експериментирање. Купете столици од различни колекции и разиграјте го катчето за пријатни оброци.

Масивни парчиња мебел

Прешироките потпирачи на фотелјите веќе не се „ин“.

Денес тренди дизајните се сведени на минималистички парчиња мебел. Тоа особено важи за малите простори. Така што ако собата е мала, не ја гушете со масивен мебел.

Светли бои во детската соба

Луѓето мислат дека на децата ќе им донесат мир, ако собата ја бојадисаат во светли бои.

Но, за подобар развој на детската фантазија, разбијте ја монотонијата во нивната соба со разни играчки, постери и цртежи.

Бетон

Постојат многу начини за да се искористи бетонот во ентериерот.

Тој е основа на модерниот дизајн. Овој материјал можете да го користите од дневната соба, па се до купатилата.

Завеси

Никој нема да ви ѕирка низ прозорецот, но ако сепак сакате приватност поголемиот дел од домовите денес имаат алуминиумски завеси, па тоа е добро решение.

Без завеси малите простории ќе изгледаат многу поголеми. Ако сепак сакате завеси, заборавете на проѕирните со ленти и ставете темните и тешки завеси.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...

Најчитани неделава