Зелени вертикални градини во Македонија-нов тренд во ентериерното уредување

Не постои полесен и подобар начин за работа, релаксација или опуштање, од престој во уреден хармоничен простор!

zeleni-vertikalni-gradini-vo-makedonija-nov-trend-vo-enteriernoto-ureduvanje-1.png

Нашата радост е поврзана со сетилото за вид и мирис кои најдиректно влијаат на нашето однесување и енергија. Токму затоа доколку во својата потесна околина креираме зелена оаза која е хармонично уредена, сме обезбедиле одлични услови за работа.

Не е случајно зошто источните народи толку многу време посветуваат на хармоничното уредување на својата околина, а јапонските градини претставуваат едни од најпосакуваните места за релаксирање. Ги уредуваат работните простории, како и екстериерот опкружувајќи се 100% со природа.

zeleni-vertikalni-gradini-vo-makedonija-nov-trend-vo-enteriernoto-ureduvanje-2.jpg

Јапонија е можеби далеку, но зелените вертикални градини и декорации се достапни и во Македонија. Благодарение на Flowercity.mk можете уникатно да го декорирате вашиот простор, независно дали се работи за канцеларија, хотел, кафуле или сопствен дом.

Станува збор за вертикални градини направени од природни стабилизирани растенија, што подразбира аплициран мов, бршлени, листови, папрат и цвеќиња на дрвени панели, а кои можат да се постават на било кое место во просторот. Декоративни растенија (100% природни, но не живи) кои се долготрајни, кои не бараат одржување, нахранување, наводнување ниту пак светлина. Треба само да се внимава да не се изложуваат на сончева светлина, ниту пак да се инсталираат над радијатори, ниту пак под клима уреди.

Ако сакате зеленило, во простор каде  ни кактуси не успеваат, тогаш https://flowercity.mk/ е вистинското место за информирање.

zeleni-vertikalni-gradini-vo-makedonija-nov-trend-vo-enteriernoto-ureduvanje-3.png

Предности на зелените градини:

- го разубавуваат просторот

- нема потреба од одржување, освен повремено чистење на прашина

- не одземаат од просторот

- не бараат знаење за нивно одржување

- имаат гаранција од 5 години

- поднесуваат големи осцилации во температурата

- нема потреба да се плашите дека не овенат

Би можело да ве интересира:

Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
Шест грешки поради кои малиот дом изгледа уште помало (и хаотично) Мебел за кој очигледно немате место, како и доминација на темни бои. Кои грешки ...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...
5 трикови за стилски дом што ги користат дизајнерите на ентериер Комбинирајте повеќе дезени во една просторија, а ако ви се чини дека недостасува...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...

Најчитани неделава