Ситници кои ја уништуваат позитивната енергија во спалната соба

Понекогаш ни изгледа навистина лесно и интересно да се издекорира одреден простор, меѓутоа тоа не е секогаш така.

4-neshta-koi-ja-unishtuvaat-pozitivnata-energija-vo-spalnata-soba-001.jpg

Да, дефинитивно е едноставно да се сфати дека големите килими можат да ја направат просторијата поширока, а темната боја визуелно да го затвори просторот, но сепак правила за декорирање не секогаш се определуваат само преку она што можеме да го видиме.

Според Келси Пател, тренер за духовно зајакнување, не е важно само како изгледа она што ќе го ставите во вашата спална соба, туку и како истиот тој предмет влијае врз нашата емоционална и духовна состојба.

Според Келси сите предмети кои што нè опкружуваат имаа своја животна енергија која што циркулира низ просторот.

Имено, таа нагласува дека токму ова е една од причините поради која што натрупаните домови не тераат да се чувствуваме како да сме под стрес.

Според Келси Пател, погледнете кои 4 предмети ја уништуваат позитивната енергија во вашата спална соба.

Постелнина со силни бои и тонови

Ова е еден од најлесните начини како да го трансформирате хаотичниот простор во спокојно катче – сменете ја постелнината.

Иако можеби ни делува како навистина неважен елемент, сепак според Келси, боите кои преовладуваат на самата постелнина, можат значително да влијаат на нашето расположение.

Па, доколку сакате да внесете хармонија во вашата спална соба, заменете ја постелнината на која преовладуваат јаки и нападни тонови со постелнина оплеменета со природни бои и мирни нијанси.

Меѓу другото со ова ќе постигнете златна средина, па собата нема ниту да блеска ниту да е премногу затемнета.

4-neshta-koi-ja-unishtuvaat-pozitivnata-energija-vo-spalnata-soba-3.jpg

Отворени полици

„Хаосот кој секое утро го гледате на отворените полици, може да направи неред и во вашиот ум“, наведува Келси.

Имено таа додава дека ваквиот заклучок е донесен врз основа на научна студија која докажала дека жените кои живеат во постојан неред имаат високо ниво на кортизол, хормон поврзан со стресот.

Затоа доколку сте природно неуредна личност најдобро е да обрнете внимание на складирањето.

Таа препорачува да користите затворени полици, и на тој начин да го избегнете постојано првиот поглед наутро да ви биде насочен кон неред. На тој начин вашиот ум ќе се чувствува попријатно.

4-neshta-koi-ja-unishtuvaat-pozitivnata-energija-vo-spalnata-soba-4.jpg

Свежо цвеќе

Многумина од нас ги ставаат своите свежи цвеќиња во спалната соба со цел да се рашири поубав мирис низ просторијата.

Според фенг-шуи ова не е многу препорачливо од причина што цвеќињата го „вдишуваат“ кислородот, а тој ни е, се разбира, и повеќе од потребен, посебно додека спиеме.

Па, затоа доколку сакате собата да ја исполните со убави мириси, Келси препорачува да запалите мирислива свеќа.

4-neshta-koi-ja-unishtuvaat-pozitivnata-energija-vo-spalnata-soba-5.jpg

Грубо осветлување

Осветлувањето може да има големо влијание врз нашето расположение, па така Келси препорачува во вечерните часови да се употребува послабо осветлување, како би можеле нашите очи да се подготват за одмор и релаксирање.

Посебно практични за во спална соба се ламбите со можност за придушување на светлината. Доколку сакате побрзо да заспиете општо познато е и дека не треба да се фаќате за мобилен или таблет.

4-neshta-koi-ja-unishtuvaat-pozitivnata-energija-vo-spalnata-soba-6.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
18 идеи од Пинтерест за стилско уредување мала бања (фото) Ако имате мала бања, не очајувајте - постои начин да ставите сè на едно место, а...
Трикови со кои визуелно ќе ја зголемите и најмалата кујна Ставете високи столчиња, закачете огледало на еден ѕид и заменете го големиот лу...
Рајско дворче во Скопје со палми, црквичка и петунии во разни бои (фото) Лесно е да побегнете од летните горештини ако имате куќа и дворче со многу зелен...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg