Трикови за наизглед поголема дневна соба

Кога се работи за домот, често се фокусираме на состојбата во кујната и купатилото, големината на спалната соба или капацитетот на плакарот.

Trikovi za naizgled pogolema dnevna soba 01

Неретко ја жртвуваме пространоста на дневната соба за да добиеме, на пример, поголемо дворно место.

Но, тоа не значи дека дневниот простор не треба да биде удобен и пријатен.

Тоа е просторот каде поминувате најголем дел од времето па затоа секој агол треба да биде соодветно уреден и да одговара на вашата енергија.

Ако сметате дека вашата дневна соба е премногу мала за да приспособите каков било вид на дополнителни активности во неа, ви откриваме неколку трикови кои го мамат окото и прават просторот да изгледа поголем.

Мудро одберете ја бојата

Сигурно знаете дека белата боја создава илузија на поголем простор. Таа не е единствената опција - се што е светло и свежо може да го има истиот ефект, како на пример нежна нијанса на лаванда.

Кога е мебелот во прашање, светлите нијанси ја истакнуваат големината на објектот, па тука е дозволено да си поиграте со бојата. Сепак, генералното правило е да се држите до ограничена палета бидејќи премногу визуелни дразби ќе создадат хаотична атмосфера во собата.

Одвојте го мебелот од ѕидовите

Вообичаено се мисли дека колку повеќе го прилепите мебелот за ѕидот, толку повеќе слободен простор останува за движење низ дневната. Но, истиот тој простор не ви е од корист. Одвојте го мебелот макар и неколку сантиметри од ѕидовите и веднаш ќе добиете поинаква перцепција за просторот.

Се препорачува мебелот да биде прилично близу бидејќи така се создава зона за разговор.

Обезбедете доволно светлина

Не е тајна дека природното светло може да помогне просторот да изгледа поголем. Откачете ги темните завеси што покриваат голем дел од прозорот и отстранете се што може да ја блокира светлината во собата.

Доколку не можете така лесно да се откажете од завесите и ви треба приватност, поитувајте го правилото дека тие се закачуваат што поблиску до таванот. Така собата ќе изгледа повисока, а прозорите поголеми.

Што се однесува до вашите електрични извори на светлина, не се потпирајте на само едно таванско светло. Сите делови од просторијата што не се директно изложени на светлина ќе се повлечат од видик, со што собата ќе изгледа помала.

Користете подни, ѕидни и столни лампи да се создаде слоевит, топло осветлен простор.

Изберете пропорционален мебел

Можеби мислите дека помалиот простор е соодветен за помал мебел, но вишокот на мали места за седење и складирање, всушност, ќе ја преплави вашата соба.Не плашете се да користите големи парчиња во помала соба, но знајте дека линијата помеѓу соодветно големи и преголеми може да биде тенка.

Понекогаш не се работи за самото парче мебел, туку за стилот. Софата изгледа многу подобро кога е тенка и елегантна, отколку кога е полнета; табуретката може да изгледа многу посоодветено од која било мала масичка, а плус ќе добиете и екстра столче за користење по потреба.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Шест грешки поради кои малиот дом изгледа уште помало (и хаотично) Мебел за кој очигледно немате место, како и доминација на темни бои. Кои грешки ...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...

Најчитани неделава