Трикови кои ќе ви помогнат да го „зголемите“ домот за неколку квадрати


Трикови кои ќе ви помогнат да го „зголемите“ домот за неколку квадрати

Живеењето во мал стан може да биде вистински предизвик. Речиси никогаш немате место за вашите работи и малку е потребно за домот да изгледа „натрупано“. Но, и за ова има решение.

trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zgolemite-vashiot-dom-01.jpg

Постојат многу трикови што ќе ви помогнат визуелно да го зголемите вашиот дом и попаметно да го искористите целиот простор.

Во продолжение погледнете како:

Покуќнина со скриен простор за складирање

Бидејќи секогаш е потребно место да ги складирате вашите предмети, купете покуќнина во која има и простор за складирање.

На пример, можете да купите кревет со вградени фиоки, или пак столчиња и клупи под кои има простор за складирање.

Најважното е предметите да не бидат видливи за целиот простор да изгледа пошироко.

trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zgolemite-vashiot-dom-02.jpg

Покуќнина под која можете да ставате работи

Наместо кревет со фиоки, можете да купите и кревет со поширок простор под него. Овде ќе можете да ги организирате вашите предмети во разни кутии.

Во кујната набавете столчиња што ќе можете да ги ставите под масата кога нема да ги употребувате. Исто така можете да побарате и мебел што се раскопува кога не го користите.

trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zgolemite-vashiot-dom-03.jpg

Полици

Полицитие се одличен начин да го искористите просторот на ѕидовите кој обично е празен. Покрај книги, на нив можете да редете подароци, украси и какви било предмети.

Доколку не сакате да се гледаат предметите, набавете или направете си интересни кутии кои можете да ги наредите на полиците.

trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zgolemite-vashiot-dom-04.jpg

Светли бои

Светлите бои визуелно го прошируваат просторот. Па, најдобро е да ги варосате ѕидовите со некоја светла боја и да купувате таква покуќнина.

trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zgolemite-vashiot-dom-05.jpg

Огледала

Огледалата можат навистина да го прошират вашиот дом. На еден ѕид поставете големо огледало и просторијата ќе ви изгледа дупло поголема.

trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zgolemite-vashiot-dom-06.jpg

Декорација со линии

Исто како и кај облеката, тепихот или собата со линии ќе ја „издолжи“ просторијата. Украсете го ѕидот со вертикални линии и просторијата веднаш ќе изгледа повисоко.

trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zgolemite-vashiot-dom-07.jpg

Тргнете ги завесите

Големите завеси можат дополнително да го затворат и онака малиот простор. Па, тргнете ги завесите и оставете ги прозорците да ѝ дадат длабочина на собата.

trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zgolemite-vashiot-dom-08.jpg

Прекршете ги правилата

Само затоа што е дневна соба, не значи дека во неа мора да има двосед, тросед, маса, телевизор…

„Неочекуваниот“ мебел може да зафаќа помалку простор, да ја освежи просторијата и да изгледа навистина интересно.

trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zgolemite-vashiot-dom-09.jpg

Таван

Обично сме навикнати таванот да има бела боја, но нема потреба од тоа. Обојте го таванот со некоја жива боја што ќе го привлекува вниманието и ќе создаде илузија на повисока просторија.

trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zgolemite-vashiot-dom-10.jpg

Уметнички дела

Големите и драматични слики можат визуелно да го прошират вашиот дом. Па наместо повеќе мали украси, одберете еден поголем.

trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zgolemite-vashiot-dom-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи од домот со кои е време да се збогувате Свесни сте дека во домот имате многу непотребни работи, не зависно дали добиени ...
Предмети од домот кои не треба да ги фрлате пред селење Многу луѓе преселувањето го користат како прилика да фрлат работи кои одамна не ...
11 работи што треба да ги обоите за белиот ентериер да добие нов изглед Одвреме навреме, на сите ни станува здодевен и монотон домот, дури и ако кога см...

Најчитани неделава