Совети од дизајнери – како да направите вашиот мал стан визуелно да изгледа поголем?

Кога го замислуваме идеалниот дом, сигурно секој од нас не замислува премногу мал простор. Но, и малиот простор може да изгледа одлично и визуелно поголем, доколку следите неколку едноставни совети од експерти за ентериер.

Kako-da-napravite-vashiot-mal-stan-da-izgleda-vizuelno-pogolem-01.jpg

Опремувањето и средувањето на малите простори претставува предизвик. Од една страна сакаме да видеме практични, бидејќи ни се потребни повеќе елементи за да функционираме во секојдневието. Од друга пак, не сакаме просторот да изгледа тесно, клаустофобично и пренатрупано.

Како да направите вашиот мал дом да изгледа визуелно поголем, поубав и попрактичен? Клучните елементи се: светлина, боја, размер, флуидност и едноставност.

Избор на мебел

При изборот на мебел за вашиот мал стан, обидете се да избегнете тешки и луксузни парчиња што ќе го „јадат“ просторот. Изберете поедноставен мебел што ќе биде подигнат од подот и што ќе овозможи слободно струење на светлината и воздухот. Ова лесно може да се постигне со стаклена трпезариска и клуб маса и отворени полици, како и парчиња мебел кои не се премногу гломазни.

Што се однесува до завесите и драпериите, најдобро е да ги избегнете во малите простори од проста причина што го намалуваат протокот на природна светлина. Одберете вариолајт или роло ролетни или лесни прозрачни завеси кои ќе ви дадат приватност, но нема да ги задушуваат просторот и светлината.

Истото се однесува и на теписите. Доколку ви се неопходни, бирајте помали парчиња и неутрални, светли тонови кои нема да бидат во преголем контраст со подот и останатите елементи во просторијата.

Kako-da-napravite-vashiot-mal-stan-da-izgleda-vizuelno-pogolem (1).jpg

Kako-da-napravite-vashiot-mal-stan-da-izgleda-vizuelno-pogolem (8).jpg

Организација на просторот

Во самата организација на просторот, често пати правиме грешки со туркањето на парчиња мебел (вообичаено гарнитурата) до работ на ѕидовите, што може доста да го ограничи нашето движење. Наместо тоа, доколку има можност, слободно одделете го троседот од ѕидот и оставете околу 60 см за поминување.

Исто така, добар совет е да се обидете и да го групирате мебелот во помали единици. Ќе се изненадите колку собата ќе изгледа поинаку и поотворена.

Многу работи и детали лесно можат да го „задушат“ просторот. Ако имате уметнички дела што не знаете како да ги организирате, обидете се да ги групирате на еден или евентуално на два ѕида.

Kako-da-napravite-vashiot-mal-stan-da-izgleda-vizuelno-pogolem (2).jpg

Kako-da-napravite-vashiot-mal-stan-da-izgleda-vizuelno-pogolem (4).jpg

Бои

Бојата игра клучна улога во малите простори. Сите знаеме дека белата боја е најдобриот избор кога сакаме нашиот простор да „дише“. Ја рефлектира светлината, го отвора и поедноставува просторот и исто така е најпријатна за окото. Со неа најдобро се постигнува ефектот на прозрачност.

Сепак, нема потреба сè да биде апсолутно бело за да ја исполни задачата и да се чувствуваме удобно во малиот стан. Изборот може да „падне“ на други светли тонови и посмирени бои како сина или зелена, но во тој случај треба да се држиме до палетата со различни нијанси на истата боја за која сме се одлучиле.

Kako-da-napravite-vashiot-mal-stan-da-izgleda-vizuelno-pogolem (7).jpg

Kako-da-napravite-vashiot-mal-stan-da-izgleda-vizuelno-pogolem (6).jpg

Огледала

Визуелно, најдобро ќе го зголемиме просторот со огледала. Огледалата најдобро ја рефлектираат светлината и создаваат чувство на длабочина и отвореност.

Многу луѓе прават грешка кога групираат неколку помали огледала, а всушност најдобриот ефект се постигнува со едно големо огледалото во критичните делови на станот. Идеално, неговата позиција треба да биде блиску до извор на природна светлина за подобро да се одрази во просторот.

Kako-da-napravite-vashiot-mal-stan-da-izgleda-vizuelno-pogolem (10).jpg

Kako-da-napravite-vashiot-mal-stan-da-izgleda-vizuelno-pogolem (13).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
Како да ја уредите малата детска соба за да биде практична, но и да изгледа убаво? (фото) Простор за складирање под креветот, големо огледало и многу природна светлина – ...
18 идеи од Пинтерест за стилско уредување мала бања (фото) Ако имате мала бања, не очајувајте - постои начин да ставите сè на едно место, а...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари? Скријте ја старата гарнитура со убави прекривки и декоративни перници, а стаклен...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg