Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


9 совети за уредување со кои ќе го извлечете најдоброто од малиот ходник

Не претерувајте со украсите на ѕидот

Украсите на ѕидот ќе го освежат ходникот, но внимавајте да не претерате. Ако ставате слики, закачете само една-две, а ако ставате други украси, најдобро е да бидат со минималистички дизајн.

9-soveti-za-ureduvanje-so-koi-kje-go-izvlechete-najdobroto-od-maliot-hodnik-06.jpg

Добро осветлување

Светлото во просторијата е исто важно колку и мебелот и неговиот распоред. Ако имате мал ходник одберете лустер со едноставен дизајн, а можете да поставите и подна ламба која ќе го направи просторот поудобен.

9-soveti-za-ureduvanje-so-koi-kje-go-izvlechete-najdobroto-od-maliot-hodnik-07.jpg

Додајте растенија

Растенијата изгледаат одлично во буквално секоја просторија. Растенијата во ходникот ќе ја разбијат монотонијата на светлите бои и целиот простор ќе изгледа многу подобро.

9-soveti-za-ureduvanje-so-koi-kje-go-izvlechete-najdobroto-od-maliot-hodnik-08.jpg

Ставете огледало

Огледалата ви се најдобриот сојузник кога сакате визуелно да зголемите некоја просторија. Покрај тоа, огледалото во ходникот е многу практично и корисно.

9-soveti-za-ureduvanje-so-koi-kje-go-izvlechete-najdobroto-od-maliot-hodnik-09.jpg

Комбинирајте две бои

Ако сепак сакате подречлива боја за во ходникот, искомбинирајте ја со светла, односно направете контраст. Вака нема да го затворите просторот, а сепак ќе го освежите со живите бои.

9-soveti-za-ureduvanje-so-koi-kje-go-izvlechete-najdobroto-od-maliot-hodnik-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 трикови со кои ќе ја претворите долгата и тесна просторија во удобно катче Вистински предизвик е да уредите соба која повеќе наликува на ходник, отколку на...
8 трикови со кои на застарениот ентериер во домот ќе му дадете модерен изглед Отворените полици можат да изгледаат одлично, сè додека не се натрупани со сè и ...
„Живеам во најмалиот стан во Њујорк од само 9m² - како функционирам?“ Како изгледа животот во стан од само 9m²? Дали ова навистина е најмалиот стан во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg