5 прекрасни идеи како може да го декорирате ѕидот зад софата, а да изгледа впечатливо и скапо (фото)

Кога станува збор за декорирање на домот, мора да сфатиме дека тој постојано (ќе) се менува и ќе еволуира онака како што тоа го правиме и ние.

5-idei-za-dekoriranje-na-zidot-zad-sofata-01.jpg

Домот никогаш нема да биде целосно среден без да направите никаква промена во него во следните 20 години.

Доколку имате желба да внесете малку стил и живот, особено во дневниот простор, ви нудиме 5 идеи со кои може да го декорирате ѕидот зад гарнитурата, а сето тоа да изгледа скапо и впечатливо:

Следете го правилото на бројот „три“

Закачените предмети на ѕидот во непарен број често се клучот за создавање уникатна презентација, особено кога се користат предмети со различни големини, како што се огледалата.

Обидете се да ги поставите во триаголен распоред за најдобри резултати.

Совет од стилист: Размислете дали сакате да имате простор помеѓу секој предмет или сакате да ги доближите едно до друго за да создадете илузија на огромно огледало или уметничко дело.

View this post on Instagram

A post shared by Sklum España (@sklum.welovedesign)

Експериментирајте со текстури

Покрај уметничките слики и постери, можете да си поиграте и со текстурите. На пример, употребата на суптилен дизајн со дрвени тенки летви, како овој на фотографијата, има прекрасна завршница.

Совет од стилист: Доколку сакате да имате впечатлив ефект, тогаш темната боја како црна или темноцрвена е идеална. Во спротивно, изберете поприродно дрво за да му додадете топлина на вашиот дизајн.

Ѕид уреден како во галерија

Ѕидовите уредени како во галерија станаа исклучително популарни, со комбинирање на фотографии, уметнички слики, постери и други предмети кои се користат при создавање на прекрасни изложби.

Она што го прави ѕидот зад софата идеален за нешто вакво е тоа што можете да додадете неколку уметнички дела, што значи дека имате можност да ги приспособите на просторот што сакате да го пополните. За уреден и модерен резултат, користете серија рамки со иста големина и закачете ги симетрично.

Дали претпочитате поеклектичен изглед? Заменете ги рамките со колекција плетени корпи, чинии или мешавина од секое. За да го направите ѕидот на галеријата кохезивен, изберете слични бои или материјали.

На пример, рамки во различни големини и бои исполнети со црно-бели фотографии ќе изгледаат убаво во комбинација со украсни предмети во неутрални бои (дрво, јаже, коноп и кожа).

Совет од стилист: Пред да закачите што било на ѕидот, поставете ги сите елементи на подот и креирајте шаблон за кој сметате дека ќе изгледа убаво на ѕидот. Уверете се дека е доволно впечатлив за да го има посакуваниот ефект.

Полици направени по мерка

Не постои правило кое вели дека софата треба да биде потпрена на ѕидот, па зошто да не ја повлечете понапред и да направите или да закачите полици зад неа? Наполнете ги со украсни предмети кои ќе бидат фокус-точката во вашата дневна соба.

Совет од стилист: Обојте ги полиците со иста боја како и ѕидот, а софата со светли бои дополнително ќе се истакне.

Користете големи уметнички дела или платна

Не мора да ги закачувате уметнички дела на ѕидот за да ги истакнете. Можете да купите прилично големи парчиња и да ги потпрете на ѕидот така што ќе ги потпрете на подот зад софата или на тенка маса или полица. Ова е идеално за станови што ги изнајмувате.

Совет од стилист: Алтернативно, ставете тапет со интересен во голема рамка која лесно се менува кога ќе ви стане здодевно, без да мора да ја преуредувате целата дневна соба.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...
8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен  Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличе...
10 парчиња од IKEA што совршено ќе се вклопат во секој ентериер Практичните, едноставни и безвременски парчиња од IKEA се омилени за многумина.&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg