Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Живеам во стан од 50m2 во Скопје – одлуки што ги направив во уредувањето за кои не се каам (фото)

Проточен бојлер во бањата за голем бојлер да не ми го зафаќа целиот простор, шанк со простор за складирање (што ми е спас во мала кујна), робот правосмукалка за секојдневно одржување чистота, мала трпезариска маса која се отвора до 2.5 метри за гости и уште неколку одлуки во уредувањето на мојот дом во Скопје за кои не се каам, а можеби ќе ви послужат како идеја и вам. 

zhiveam-vo-50m2-vo-skopje-odluki-shto-gi-napraviv-vo-ureduvanjeto-za-koi-ne-se-kaam-01.jpg

Кога живеете во помал стан, дефинитивно уредувањето е предизвик – не од аспект на тоа да изгледа убаво, туку дополнително и да биде функционално.

Живеам со партнерот во Скопје, во стан од 52m² и за среќа, ние имавме можност да го видиме станот уште додека беше во градба, па беше полесно да се направат некои промени во таа фаза, со цел да ни биде попрактично живеењето.

Можеби е малку понапорно на секоја ситница да се гледа како естетски, така и функционално, но дефинитивно не се каам што уште пред да одбереме мебел, имавме размислено за сите работи кои би можеле во иднина да ни предизвикаат нервоза.

Па така, генерално го уредивме домот како што сакаме и немаме работи за кои се каеме, освен една – бели, релјефни плочки во кујна. Дефинитивно не би ја повториле таа грешка.

Во продолжение неколку одлуки за кои не се каам, а можеби ќе ви бидат од корист доколку сте во фаза на уредување:

Проточен бојлер (не мора големиот бојлер да зафаќа цело купатило и има место за други работи во висина, плус има топла вода во секое време)

zhiveam-vo-50m2-vo-skopje-odluki-shto-gi-napraviv-vo-ureduvanjeto-za-koi-ne-se-kaam02.jpg

Машина за сушење алишта (со оглед на тоа што нема место за сушара низ станот и претходно мака мачевме со преместување)

zhiveam-vo-50m2-vo-skopje-odluki-shto-gi-napraviv-vo-ureduvanjeto-za-koi-ne-se-kaam-00.jpg

Полици во остава (за работите за складирање да бидат добро распоредени, наместо расфрлани во купишта)

zhiveam-vo-50m2-vo-skopje-odluki-shto-gi-napraviv-vo-ureduvanjeto-za-koi-ne-se-kaam2.jpg

Робот правосмукалка (идеално за секојдневно одржување на мал простор)

zhiveam-vo-50m2-vo-skopje-odluki-shto-gi-napraviv-vo-ureduvanjeto-za-koi-ne-se-kaam3.jpg

Шанк со простор за складирање (иако беше мала квадратура и ни рекоа дека нема да има место, сепак ѝ даде целина на кујната, плус има повеќе место за чување работи)

zhiveam-vo-50m2-vo-skopje-odluki-shto-gi-napraviv-vo-ureduvanjeto-za-koi-ne-se-kaam4.jpg

Уште 5 работи на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари? Скријте ја старата гарнитура со убави прекривки и декоративни перници, а стаклен...
Детали во уредувањето на бањата што треба да ги избегнувате (за да не изгледа монотоно и евтино) Плочки од подот до таванот и црни мијалници – некои ситници можат да направат ба...
18 идеи од Пинтерест за стилско уредување мала бања (фото) Ако имате мала бања, не очајувајте - постои начин да ставите сè на едно место, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg